Дислалија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дислалија
    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Дислалија (лат. dyslalia) е поим за пореметување на говорот. Означува непрецизна или погрешна артикулација (изговор на гласови), а може да се презентира и како пропуштање на некој глас (omissio), негова замена со некој друг глас (supstitutio), искривен изговор на одредени гласови (distorsio) и додавање на гласови на некои зборови или група на гласови (addition).

Возраст[уреди | уреди извор]

Се смета дека развојот на говорот трае дури и до 9-тата година, кога говорот дефинитивно се автоматизира. Меѓутоа, децата до 3-тата година би требало правилно да изговараат најголем број на гласови. Постојат хронолошки норми до кои детето треба да ја развие правилната артикулација. Ако погрешната артикулација трае над одредените норми што се дијагностицира во соработка со специјалист оториноларинголог за подрачјето на фонијатријата, потребно е да се започне со лекување.

Поделба[уреди | уреди извор]

Дислалијата ја делиме на органска и функционална.

Органска дислалија[уреди | уреди извор]

Причина за органска дислалија е некое пореметување во анатомијата на артикулацијата на говорот, на пример:

  • Краток јазик
  • Слабо подвижен јазик
  • Пореметувања во развојот на забите
  • Голем, задебелен јазик (макроглосија)
  • Расцепи на непцето
  • Расцепи на вилицата
  • Расцеп на усните
  • Разни останати малформации на јазикот и вилиците

Функционална дислалија[уреди | уреди извор]

Функционалната дислалија е предизвикана од пореметена функција ( на пример слушање), а така ги нарекуваме и дислалиите за кои не ја знаеме причината. Кај таканаречените отогени дислалии најчесто е пореметен говорот предизвикан од оштетување на слухот за типична честота за некој глас. Дислалијата може да се појави и при забавен говорен развој, како еден од многубројните симптоми.

Опсег на оштетување[уреди | уреди извор]

Зависно од причината, гласовниот систем може да биде оштетен делумно (понекогаш само гласот или збирови од гласови) или целосно. При расцепи на непцето (палатошиза) пореметен е целиот систем на гласови (ринолалија). Почесто се работи за делумно оштетување каде најчесто погрешно се изговараат согласниците, најчесто фрикативи (с, з, ш, ж), африкати (ц, ч, џ) и вибранти (р).

Сигматизам[уреди | уреди извор]

Сигматизам (sigmatismus) е поим за неисправен изговор на гласови (с, з, ц, ш, ч, џ). Кај мали деца најчесто се работи за испуштање (omission) и замена на тие гласови, а кај возрасните за искривен изговор (дисторзија). Латералниот сигматизам е најнепријатниот вид на сигматизам за слушателите. Настанува во текот на развојот на трајното забало, кога детето поради губитокот на секачите го поставува јазикот на страна (латерално), барајќи потпора на преткатниците. Доколку и после израснувањето на секачите останува истиот механизам на создавање на гласови, резултат е латерален сигматизам кој треба да се решава со говорна терапија.

Ротацизам[уреди | уреди извор]

Ротацизам (rotacismus) е назив за пореметен изговор на гласот – р. Тоа пореметување е најчесто после сигматизмот, а се манифестира со испуштање, замена и искривување на изговорот. Ако изостанувањето и замената на гласот р, потрае и после 3-тата година, потребно е да се побара помош од лекар оториноларинголог – фонијатрија или логопед.

Лабдацизам[уреди | уреди извор]

Ламбдацизам (lambdacismus) е пореметување во изговарањето на буквата л и љ.

Капацизам[уреди | уреди извор]

Капацизам (kapacismus) е пореметување во изговорот на буквата к.

Гемацизам[уреди | уреди извор]

Гамацизам (gamacismus) е пореметување во изговорот на буквата г.

Тетацизам[уреди | уреди извор]

Тетацизам (thetacismus) е пореметување во изговорот на буквата т.

Делтацизам[уреди | уреди извор]

Делтацизам (deltacismus) е пореметување во изговорот на буквата д.

Тетизам[уреди | уреди извор]

Тетизам (thetismus) е говорно пореметување кај кое поголем број на согласки преминуваат во д или т и претставува значително сериозно пореметување во однос на досега наброените. Тука може да се работи за сериозни пореметувања во развојот на централниот нервен систем.

Терапија[уреди | уреди извор]

Лекувањето на дислалијата се спроведува со отстранување на причините на пореметувањето на говорот ако е тоа возможно (на пример хируршка исправка на расцепите на непцето, вилиците и усните). Ако причината не може да се отстрани или не е позната, лекувањето се состои првенствено од говорни вежби.