Дискриминација на жените
Дискриминација на жените го означува секое разликување, исклучување или ограничување во поглед на полот, што има за последица или цел да го загрози или оневозможи признавањето, остварувањето или вршењето од страна на жените на човековите права и основните слободи на политичко, економско, општествено, културно и граѓанско или друго поле, без оглед на нивната брачна состојба, врз основа на рамноправност на мажите и на жените.
Политиките кои овозможуваат поволен третман за жените се познати како позитивна дискриминација. Ова е вид „дискриминација” којашто е во полза на жените. Хајди Хартман тврди дека дискриминацијата е резултат на долг процес на заемно дејствување на патријархатот и капитализмот. Исто така тврди дека дискриминацијата не може да заврши без да се искорени половата поделба на трудот.[1]
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2007-06-22.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Оваа статија од областа на социологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |