Дискретизација на енергијата

Од Википедија — слободната енциклопедија

Една од најзначајните последици на квантната механика е и дискретизацијата на енергијата на микрочестичките, како што се електроните, протоните, атомите итн., кога тие се движат во потенцијална јама. Решенијата на Шредингеровата равенка покажуваат дека во тие случаи, движењето на честичките е финитно (ограничено) а енергетскиот спектар им е дисконтинуиран. Ваквите состојби на честичките во квантната механика се познати како сврзаните состојби, а множеството од сврзани состојби за секој систем го дефинира неговиот дискретен енергетски спектар.

Според тоа, дискретизацијата на енергијата овозможува секој атом или молекула да има единствен енергетски спектар, што како отисок од прст е својствен само за него. Затоа, со спектроскопска анализа може да се утврди присуството на било кој елемент во даден микро или макро-систем.