Диско зомбиња

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Диско зомбиња е расказ од Гери Филипс, објавен во збирката „Кокаински хроники“, во 2010 година, во издание на „Темплум“. Преводот на македонски јазик е дело на Владимир Петревски.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во една куќа, Холмс и МекМилан се борат со двајца противници (Кридер и Дивиот Вили) околу една пратка со кокаин. Во борбата, двајцата се сериозно ранети, но успеваат да ја земат дрогата. Притоа, за време на борбата, еден од противниците, кој има индијанско потекло, му дувнал на МекМилан некој магичен прав. За да ги средат раните, двајцата патуваат во Кларксдејл, кај поранешната девојка на Холмс, Џејн Корзо. Таму, Холмс има сексуален однос со Џејн, а МекМилан со нејзината другарка Ева Фернандез. Ненадејно, во куќата упаѓаат зомбиња, кои ги напаѓаат домаќините и им го земаат кокаинот. Со цел да си ја вратат дрогата, четворицата ги следат зомбињата до врвот на еден рид, каде среќаваат уште зомбиња, кои се тепаат меѓусебно околу дрогата. Своевремено, на врвот од ридот имало клуб, наречен „Диско Инферно“, кој изгорел во 1980 година при што во пожарот загинале повеќе луѓе. Откако ќе останат без дрогата, четворицата се враќаат во домот на Џејн Корзо. Утредента, Холмс и МекМилан се подготвуваат да заминат на друго место, кога во дворот на куќата се појавува Дивиот Вили, претворен во зомби, кој си ја бара дрогата.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Гери Филипс, „Диско зомбиња“, во: Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 164-191.