Дисанска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дисанска Река
Мовче на Дисанска Река во Долни Дисан.JPG
Мовче на Дисанска Река во селото Долни Дисан
Слив
Главен изворВитачево
820 м
УстиеВардар кај Тремник
122 м
41°27′23″N 22°10′22″E / 41.45639° N; 22.17278° E / 41.45639; 22.17278Координати: 41°27′23″N 22°10′22″E / 41.45639° N; 22.17278° E / 41.45639; 22.17278
ТечениеВардарЕгејско Море
Речен системВардар
Сливна повр.29 км2
Физички особености
Должина17 км

Дисанска Река — река во средишниот дел на Македонија која тече во Тиквешијата и претставува десна притока на Вардар.

Течение[уреди | уреди извор]

Извира од еден силен и непресушен извор на висорамнината Витачево на надморска височина од 820 метри во долот веднаш непосредно јужно над самото Горни Дисан. Од нејзиниот силен извор е спроведена и водата за водоводот кој ги снабдува селата Горни, Долни Дисан и Вешје. Во горното течени тече кон север, а во средното течение тече спрeма североисток помеѓу ридовите Венец од десната и Орле од левата страна до селото Долни Дисан, а потоа свртува кон југоисток и во Вардар се влива на кота од 122 метри надморска височина, источно од селото Тремник[1].

Хидрографски и водостопански одлики[уреди | уреди извор]

Дисанска Река тече во должина од 17 километри и зафаќа сливна површина од 29 км2[1]. Извирајќи на 820 и вливајќи се во Вардар на 122 метри надморска височина таа има релативен пад од 41‰[1]. Поради варовничкиот состав на карпите во нејзиниот изворишен дел водата од Дисанска Река се одликува со голема чистина и добар квалитет за пиење. Затоа од нејзиниот силен извор е спроведена и водата за водоводот кој ги снабдува селата Горни, Долни Дисан и Вешје. Над селото Горни Дисан крај изворот на реката во местноста наречена Брегот, во околината на изворот постои чешма кој се напојува со вода директно од планината Кожуф. По средното и долното течение на реката во селата Долни Дисан и Тремник нејзината вода се користи за наводнување на бавчите и градините насадени со домат, пиперки, краставици во дворовите како и на лозјата, а од нејзините води се напојува и добитокот.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]