Дирлик

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дирлик ― феудален имот, лено, средства за живот егзистенција, апанажа.[1]

Во Османлиското Царство означувал доход што го давала државата, директно или индиректно, на одредени категории службеници и припадници на воените органи за нивно издржување. Иако овој термин се употребувал почесто за војничките приходи, речиси подеднакво се однесувал на платите на сите категории централни и провинциски функционери и управители. Во овие приходи спаѓале: улуфето (платата), салјането (годишниот данок), рентата од тимарите, зеаметите, хасовите и слично.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 161. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)