Дирка (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дирка (грчки: Δίρκη) — лик во старогрчката митологија, сопруга на тебанскиот крал Ликос.

Кралот Ликос го убил сикионскиот крал Епопеј и ја заробил неговата жена Антиопа. Таа родила два сина кои пред бракот ги зачнала со Зевс. Нив ги протерале и тие биле одгледани од некој овчар, кој им ги дал имињата Зетос и Амфион. Ликос и неговата сопруга Дирка ја мачеле Антиопа, а таа побегнала кај своите синови, кои го убиле Ликос, а Дирка ја врзале за еден бик кој ја распарчил. Потоа, нејзиното тело го фрлиле во еден извор кој потоа бил наречен Дирка по нејзиното име. Во историјата на уметноста, казната на Дирка е претставена во познатата скулптура од 3. или 2. век п.н.е., позната како „Аполонија од Тралес“ (т.н. „Фарнешкиот бик“) која денес се наоѓа во Неапол.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 220-221.