Дирекција за култура и уметност на Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дирекција за култура и уметност на Скопје
ДКУС
Лого на дирекцијата
Податоци за органот
Основан 1948
Надлежност Самостоен и независен орган (правно лице)
Седиште Скопје, Македонија Македонија, бул. Климент Охридски, Тел: 3238-372, 3222-341
Раководител Никола Георгиев
(директор)
Мрежно место
dku.org.mk



Дирекцијата за култура и уметност на Скопје (ДКУС) е официјална институција за култура и уметност на градот Скопје која егзистира уште од 1948 година, што ја вбројува во институциите со најдолга традиција во културата во Македонија.

Сегашен директор на дирекцијата (2008) е Никола Георгиев[1].

Дирекцијата за култура и уметност својот интерес го насочува кон сите области на творештвото: музиката, театарот, литературата, филмот, ликовната уметност, негувајќи ги преку сите достапни форми: концерти, претстави, издаваштво, изложби, семинари, работилници, мултимедијални презентации.Во оваа смисла, покрај наброените програми преку кои е претставено творештвото на домашните и странските автори, во портфолиото на Дирекцијата останува забележана сопствената продукција на драмски и балетски претстави, изложби на врвни домашни автори,издадени книги, носачи на звук и видео.


Настани на дирекцијата[уреди | уреди извор]

Покрај асоцијативната улога самостојно или во соработка со сродните институции Дирекцијата за култура и уметност на Скопје е иницијатор, основач и реализатор на значајни културни манифестации како што се Скопското лето, Блуз и соул фестивалот, Есенските музички свечености и Новогодишната програма.


Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Дирекција за култура и уметност на Скопје Архивирано на 1 август 2008 г.