Дипонов модел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
ROE = ROA x Equity multiplier;
ROE = Net profit margin x Total assets turnover x Equity multiplier;
ROE = Net profit margin x Effects from nonoperating results x Tax effect x Total asset turnover x Equity multiplier

Дипонов модел (англиски: DuPont analysis) — систем на анализа со чија помош можат да се откријат и следат причинско-последичните врски што постојат помеѓу одделните финансиски показатели и тоа, почнувајќи од оние што се однесуваат на конечниот финансиски резултат, па потоа одејќи наназад, сѐ до самите елементи на финансиските извештаи.[1]. Овој метод за мерење на финансиските перформанси на компаниите е создаден од американската компанија „Дипон“ во 1919 година[2].

Принос на вкупните средства[уреди | уреди извор]

ROA = Net profit margin x Total assets turnover

Во основата на Дипоновиот модел се односите кои што постојат меѓу билансот на успех и билансот на состојба, прикажани преку финансиските показатели на компанијата. Приносите кои ги остварува коммпанијата може да се разберат подобро доколку се расчленат на нивните составни компоненти. Така, оваа анализа може да се започне од елементите со чија помош се пресметува показателот кој го мери приносот на вкупните средства (англиски: Return on assets - ROA).

(1.1) :
каде:

  • Net income = нето добивка (профит по оданочување)
  • Average total assets = просечни вкупни средства (средна вредност од состојбата на средствата на почетокот на годината и состојбата на средствата на крајот на годината)
  • Revenues = вкупни приходи

или

(1.2) :


каде:

  • Net profit margin = нето профитна маржа (однос меѓу нето добивката и вкупните приходи)
  • Total asset turnover = обрт на вкупните средства (однос меѓу вкупните приходи и просечните вкупни средства)


Расчленувањето на показателот на приносот на вкупните средства преку двете компоненти - нето профитна маржа и обрт на вкупните средства (формула 1.2) е наједноставната форма на овој модел. Вака расчленетиот показател на принос на средствата може да покаже на што се должат неговите промени. Под претпоставка дека показателот на принос на средства на една компанија низ годините пораснал, расчленувањето ќе ни каже дали растот на приносот на средствата бил заради зголемување на профитната маргина или заради зголемување на обртот на средствата во компанијата.

Принос на капиталот[уреди | уреди извор]

Приносот на капиталот (англиски: Return on equity - ROE) може да се раздели на три компоненти, на истиот начин на кој што приносот на вкупните средства се дели на две компоненти. Дипоновата анализа покажува дека показателот за приносот на сопствениот капитал е под влијание на три фактори:

  • оперативната ефикасност - се мери преку профитната маржа;
  • ефикасноста во искористувањето на средствата - се мери преку вкупниот обрт на средствата;
  • финансискиот левериџ – се мери со мултипликаторот на капиталот.

Основната равенка за пресметка на приносот на сопствениот капитал е:

(1.3) :

односно,

(1.4) :


Доколку приносот на сопствениот капитал го изразиме преку нето профитната маржа, обртот на вкупните средства и мултипликаторот на капиталот, равенката ќе го добие следниот облик:

(1.5) :

каде:

  • Average shareholder equity = просечен сопствен капитал (средна вредност од состојбата на капиталот на почетокот на годината и состојбата на капиталот на крајот на годината)

Доколку го расчленуваме понатаму приносот на сопствениот капитал, ќе се добие петточлениот Дипонов модел, во следниов облик:


(1.6) :


Дипоновата анализа може да се употребува за динамичка анализа на перформансите на компанијата низ годините, но и за статичка анализа, каде перформансите на компанијата се споредуваат со перформансите на други слични компании од истата индустрија или со индустрискиот просек.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Сашо Арсов, Финансиски менаџмент, Скопје: Економски факултет – Скопје, 2008, стр. 65.
  2. Michelle R. Clayman, Martin S. Fridson, George H. Troughton, Corporate Finance: A practical approach 2nd ed, CFA Institute Investment Series, 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]