Диода со постојана струја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Електричен симбол

Диода со постојана струја — електронски уред кој ја ограничува струјата на максимална одредена вредност за уредот. Таа е позната како струјно-ограничувачка диода (CLD, current-limiting diode) или струјно-регулирачка диода (CRD, current-regulating diode).

Внатрешна структура

Се состои од n-канален JFET со гејтот врзан на сорсот, кој функционира како двополен ограничувач на струја или струен извор (аналогно на Зенерова диода која функционира како ограничувач на напон). Оваа диода овозможува струјата низ неа да се зголемува до одредена вредност, а потоа да се израмни на специфицирана вредност. За разлика од Зенеровите диодите, овие диоди ја одржуваат постојана струја наместо постојан напон. Овие уреди ја одржуваат струјата што тече низ нив непроменета кога се менува напонот.

Треба да се има предвид дека некои уреди се еднонасочни и дека напонот преку уредот мора да има само еден поларитет за да може да работи како струјно-ограничувачка диода, додека други уреди се двонасочни и можат правилно да работат со двата поларитети.

Полуспроводниците со широк опсег, како што е силициум карбидот, се користат во производство на уреди кои овозможуваат апликации со висок напон во опсегот на киловолти.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „CALY Technologies SiC CLD devices“. CALY Technologies. Архивирано од изворникот на 2021-11-29. Посетено на 26 April 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Диода
JFET