Прејди на содржината

Диндимон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Диндимон[1] (старогрчки: Δίνδυμον) ― поранешно име на планина во источна Фригија (денешна Мурат Даги од Гедиз), подоцна дел од Галатија, која подоцна била наречена Агдистис, света на „планинската мајка“, Кибела, која Хелените ја познавале како Реја. Страбон го сместил Диндимон над Песин свет за Кибела. Тоа било важно место во грчката митологија.

Планината Диндимон, исто така, може да биде поставена на полуостровот Кизик свртен кон Мраморното Море, како Аполониј од Родос во Аргонаутика, или од Стефан Византионски појужно, во Троада, значи во близина на планината Ида. Книгата Аргонаутика I поставува сцена на планината Диндимон, каде што Јасон ја смирува божицата на планината, „мајката на сите блажени богови, каде што таа седи устоличена“.[2] идентификувана како „Диндимена [Δινδυμηνή (Диндимини)] мајката, дама со многу имиња“,[3] меѓу кои била и Реја.[4]

Различните примени на Диндимон, како планина на анадолската Мајка Божица, „Планинската мајка“, ги објаснува Робинсон Елис:[5] „Името Диндименска мајка во прв случај несомнено би било поврзано со најраното седиште на обожување, фригискиот Диндимон, но штом обожувањето ќе се прошири подалеку и името на Диндимон со него, божицата од Диндимон ќе ја изгуби својата првобитна определеност и ќе биде различно примена од различни писатели“.

  1. Ретко Диндимус (Dindymus), како што е во Природна историја на Плиниј Постариот V.142 и Секст Пропертиј, III.22.3.
  2. Apollonius of Rhodes (Peter Green, tr.), Argonautika, expanded ed. 2007, book I.1093-94.
  3. Argonautika I.1125
  4. (Apollonius of Rhodes), Richard Hunter, tr., 1993. Jason and the Golden Fleece (Oxford: Clarendon Press), Book I, p. 29f.
  5. Robinson Ellis, 1876. A Commentary on Catullus (Oxford: Clarendon Press), Catullus LXIII.91 (p. 224)