Династија Гирај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Династија Гирај
Претходна династијаБорџигини
ЗемјаКримско Ханство
Основана1431 - Хаџи I Гирај
Титули
РаспадЌасим:
1512 -

Астрахан:
1523, 1531, 1549 - Казан:
1551 - Крим:
1783 -

Бучак:
1792 -

Гирај (османски турски: آل جنكيز), исто така Гиреј,[1] — Џингизидска/ турска династија која владеела во Кримското Ханство од неговото формирање во 1431 година до неговото пропаѓање во 1783 година. Династијата исто така дала неколку ханови на Казањ и Астрахан помеѓу 1521 и 1550 година. Освен кралските гираи, постоела и странична гранка, Чобан Гирај. Пред да наполнат полнолетство, младите Гираи биле воспитани во едно од черкеските племиња, каде што биле поучени за војните уметности. Гирајските ханови биле избрани од други кримски татарски династи, наречени мирза (мирзалар). Тие, исто така, избирале наследник, наречен калга султан (qalğa султан). Во подоцнежните векови, османлискиот султан го добил правото на поставување и соборување на хановите по негова волја.

Нивниот ран предок бил Тогај Тимур, помлад син на Јочи. Приказната за Гираите започнува со Еренг Тимур, син на Тогај Тимур.

Отоманска власт[уреди | уреди извор]

Според некои научници, Гираите биле сметани  како второ семејство воОтоманското Царство веднаш по Отоманската династија: „Ако Рим и Византија претставуваа две од трите меѓународни традиции на царскиот легитимитет, крвта на Џингис Кан беше трета. . . Ако некогаш изумреле Османлиите, се разбирало дека Џингизидите ќе ги наследат[2]

Во текот на 15-тиот и почетокот на 16-тиот век, ханот бил втор по Отоманскиот султан - а со тоа и супериорен во однос на Големиот везир според отоманскиот протокол. По непослушноста и смената на Мехмед II Гирај во 1584 година, султанот го деградирал Кримското Ханство и ханот го ставил на ниво на Голем везир. Гирајските ханови исто така биле суверени на своето царство. Тие можеле да коваат монети, да донесуваат закон со декрет и да имаат свои тугри.

Сојузи[уреди | уреди извор]

Татарите се борат со Запорожските Козаци

Кримскиот хан склучил сојуз со Полско-литванскиот Комонвелт и со Запорошкиот Сич. Помошта на Ислам III Гирај за време на востанието Хмелницки во 1648 година во голема мера придонела за почетниот момент на воени успеси на Козаците. Врската со Полско-литванскиот Комонвелт исто така била силна - династијата Гирај барала засолниште во Литванија во 15 век пред да се воспостави на полуостровот Крим.

Пад[уреди | уреди извор]

По анексијата на ханството од страна на Русото Царство во 1783 година, последниот хан Шахин Гирај останал номинално на власт до 1787 година, кога се засолнил во Отоманското Царство и бил погубен во Родос.

На други династи им било дозволено од руските власти да престојуваат во нивната палата Бахчисарај. Малиот син на Селим III Гирај, Кати Гирај, мисионерите го убедиле да го прифати протестантизот по кое тој се оженил со шкотската наследничка Ен Нилсон.[3]

По падот[уреди | уреди извор]

По погубувањетo на Шахин Гирај од страна на Абдул Хамид I, неговото семејство живеело во Бургазада, Истанбул.[4]

Денешниот шеф на Куќата на Гирај е принцот Џезар Памир Гирај, кој сега живее во Лондон.[5][6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Alternative spellings include Geray, Girey, Guirey, Ghirai, Ghiray, and Ghiray.
  2. Simon Sebag Montefiore, Prince of Princes: The Life of Potemkin. London, 2000.
  3. Hakan Kırımlı, “Crimean Tatars, Nogays, and Scottish Missionaries: The Story of Kattı Geray and Other Baptised Descendants of the Crimean Khans”, Cahiers du monde russe 45, no. 1 (2004): 61–107.
  4. FERİDUN EMECEN, "ŞÂHİN GİRAY", TDV İslâm Ansiklopedisi, https://islamansiklopedisi.org.tr/sahin-giray (14.07.2020).
  5. „Татарский принц, потомок крымских ханов Гиреев-Чингизидов о национальном самосознании и преемственности благородных сынов Золотой Орды“.
  6. „Их Высочество Наследный принц Крыма и Золотой Орды Джеззар Раджи Памир Гирай (Cezzar Pamir Geray)“.