Прејди на содржината

Димче Хаџипоповски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димче Хаџипоповски
Роден 1922
Буф, Кралство Грција
Починал 3 мај 1942(1942-05-03) (возр. 19–20)
Лавци, Царство Бугарија
Занимање револуционер, партизан
Спомен-плоча посветена на Димче Хаџипоповски во Битола.
Спомен плоча на местото каде што бил разбиен Битолскиот партизански одред „Пелистер“.

Димче Хаџипоповски (Буф, 1922 - Лавци, 3 мај 1942) — македонски комунист, учесник во НОВ.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е во леринското село Буф во 1922 година. По влегувањето на бугарските единици, Хаџипоповски бил повикан на воена служба. Заминал да го отслужи воениот рок, но се симнал на првата станица и заедно со уште дваесет луѓе стапил во контакт со Кочо Десано и му се приклучил на партизанскиот одред „Пелистер“. Таму обучувал други партизани да користат огнено оружје. Во мај 1942 година партизанскиот одред бил опколен над селото Ореово од фашистичкиот непријател. Во битката, покрај Димче Хаџипоповски загинале и Таки Даскало, Јоска Јорданоски-Сандански, Ордан Михајлоски, Елпида Караманди и Мара Јосифовска.[1][2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Владо Стрезовски, Ѓорѓи Димовски-Ласков, „7. македонска бригада и 49. дивизија на НОВJ“, Битола, 1987, 21-22 стр.
  2. „Битолските народноослободителни партизански одреди“, Битола, 1982.