Димче Николески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Димче Николески
Роден 13 јануари 1943
с. Косел, Охридско, Царство Бугарија
Починал 2 април 1998
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање композитор

Димче Николески (роден на {{роден на|13|јануари|1943} година во с. Косел, Охридско - починал на 2 април 1998 година во Скопје) — македонски композитор и музички критичар.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Димче Николески релативно млад дошол во допир со музиката, но систематското образование го започнал дури по завршувањето на училиштето во Битола. Потоа се запишал на Педагошката академија во Скопје, а неговиот талент го забележал композиторот Властимир Николовски. Сакајќи да го продлабочи своето музичко образование тој се определил студиите по музика да ги продолжи во Белград, каде бил примен во класата на професорот Василије Мокрањац. Кај него и дипломирал во 1976 година.

По завршувањето на студиите се вработил во Радио Скопје, каде го поминал целиот работен век, сè до неговата смрт. Николески, како еден од поистакнатите претставници на генерацијата композитори што својата активност ја развиле главно во седумдесеттите и осумдесеттите години, и покрај краткиот живот го покажал својот творешки потенцијал во музичкото творештво и во сферите на музичката публицистика и во други подрачја на општествената активност. Како истакнат новинар, напишал стотици критики, и создал повеќе авторски емисии посветени на теми и личности од македонскиот музички живот. Реализирал и голем број документарни емисии. Во ова време ги остварил и своите највисоки композиторски дострели, Гудачки квартет (1969), Четири асоцијации на една народна песна (1988), Две бакрорези според Петко Дабески за глас, виолина и пијано (1989). Напишал и поголем број хорски композиции. Од покрупните форми единствени се Увертирата за оркестар (1975) и кантата за солисти, хор и оркестар „И бол и бес“ (1973).

Димче Николески главно се фокусирал на жанровите на камерната музика. Со низата публицистички трудови: критики, портрети, есеи, коментари и друго, со неговите авторски емисии емитувани на програмите на Македонското радио Николески станал промотор на македонското музичко творештво и музички просветител што дал голем придонес во градењето на музичката култура во Македонија[2].

Творештво[уреди | уреди извор]

  • Оркестарско
    • Увертира, – за симфониски оркестар, (1975);
    • Четири асоцијации на една народна песна, – за глас и гудачки оркестар, (1988);
    • Два става од циклусот „Светла надеж“, – за вокален солист и камерен оркестар, (1992);
    • Два става по една народна песна, – за вокални солисти и камерен оркестар, (1993);
    • „Корените на Методија Ст. Тошевски“, – за вокален солист и камерен оркестар, (1996);
  • Вокално-инструментално
    • И бол и бес, – кантата (1973);
  • Камерно
    • Апасионато, – за виолина и пијано, (1964);
    • став 2, – за виолина и пијано, (1965);
    • Трио соната, – за пијано трио, (1966);
    • Скерцо, – за пијано трио, (1966);
    • Пијано квинтет, (1968);
    • Гудачки квартет, (1969);
    • Две бакрорези според Петко Дабески, – за глас, виолина и пијано, (1989);
    • Аромански песни – од циклусот „Света надеж“, – за глас и гудачки квартет, (1990);
  • Солистичко
    • Пет фолклорни игри, – за пијано, (1964);
    • Тажен танц, – за пијано, (1964);
    • Свита, – за пијано, (1965);
  • Хорко
    • Рапсодија, – за мешан хор, (1964); С
    • керцо, – за мешан хор, (1964);
    • Тажачка, – за мешан хор, (1965);
    • Хумореска, – за мешан хор, (1968);
    • Празнична 1, – за детски хор, (1968);
    • Празнична 2, – за детски хор, (1968);
    • Попадиска, – за мешан хор, (1969);
    • Врапчева молба, – за детски хор, (1970);
    • Патишта, – за мешан хор, (1971);
    • Крвава низа, – за мешан хор, (1971);
    • Елегија, – за мешан хор, (1972);
    • Дунав, – за мешан хор, (1973);
    • Три потсмешливки, – за мешан хор, (1974);
    • Три глувчевки, – за детски хор, (1974);
    • Молба, – за детски хор, (1974);
    • Приспивна, – за женски хор, (1976);
    • Полноќ, – за женски хор, (1979);
    • Веј се, – за женски хор, (1980);
    • Попадиска 2, – за мешан хор, (1984);
    • Циганско лето, – за женски хор, (1987);
    • Пирин, – за детски хор, (1987);
    • Кукушка ракатка, – за мешан хор, (1988);
    • Вранов гроб, – за мешан хор, (1988);
    • Фолклорна суита, – за машки хор, (1988);
    • Свечена песна, – за мешан хор, (1989);
    • Зборови, – за женски хор, (1989);
    • Похвала Кирилу и Методију, – за машки хор, (1989);
    • Ехо на квечерината, – за машки хор, (1989);
  • Соло песни
    • Залез, (1965);
    • Лирска суита, – за детски глас и пијано, (1966);
    • Лирска суита, – за детски глас и пијано, (1966);
    • Илинденска, (1968);
    • Комитска, (1968);
    • Четири молитвенија, – за глас и дрвени дувачки инструменти, (1968);
    • Тажачка, (1974); Од зрно, – за глас и пет инструменти, (1975);
  • Песни за деца
    • Облаче, (1974);
    • Празнична песна, (1980);
    • Празнична честитка, (1981);
    • Вчера сетив топла рака, (1984);
    • Радување, (1986); Другарување, (1987);

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Николески“. Македонска енциклопедија , книга II (М-Ш): стр. 1049. (2009). Скопје: МАНУ.
  2. „Димче Николески“. https://time.mk/. 1 март 2019. Посетено на 2020-08-24. Надворешна врска во |publisher= (help)