Димитрије Митриновиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Податотека:DimitrijeMitrinovic.jpg
Роден октомври 21, 1887(1887-10-21)
Доњи Поплат  Австроунгарија
Починал 28 август 1953(1953-08-28) (воз. 65 г.)
Ричмонд крај Лондон  Обединето Кралство


Димитрије Митриновиќ (Доњи Поплат, 21 октомври 1887 — Ричмонд крај Лондон, 28 август 1953) бил српски авангарден критичар, теоретичар, филозоф, есејист, поет и преведувач.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Поплат (во денешна Општина Берковиќ). Детството го поминал во Зови Дол крај Невесиње каде биле што неговите родители биле учители.[1] Основно училиште завршил во Благај, гимназија во Мостар, а студии по филозофија, психологија и логика во Загреб, Београд, потоа во Виена и Минхен. Апсолвирал во Тибинген во 1914 година.

Работел во уредништвото на Босанска вила (19101913). Првата светска војна ја поминал во Лондон, каде го покренал и уредувал списанието New Age (Ново време), кој подоцна прераснал во списанието New Europe. Митриновиќ исто така е и иницијатор на Антибарбарус клуб, Адлерово друштво за студии по индивидуална психологија.

Првата своја песна, Ленто долоросо, ја објавил во Босанска вила во 1905, под псевдонимот М. Димитријевиќ, под кој подоцна воглавно објавувал поезија. Покрај тој, го користел и псевдонимот Антицус.

Покрај во Босанска вила, објавувал песни и во списанијата: Бранково коло (19061907, 19091911), Дело (1906), Нова искра (1906-1907), Срѓ (1906-1908), Српски књижевни гласник (1906, 1908, 1911), Словенски југ (1908), Вардар (1910), Зора (1910), Хрватски ѓак (1908-1909, 1911), Одјек (1912), Савременик (1911).

Митриновиќ е творец на футуристичкиот манифест во српската книжевност (Естетски контемплации, Босанска вила, 1913).[2]

Повторното откривање на делата на Димитрија Митриновиќ е заслуга на Предраг Палавестра. Тој во хрестоматијата Книжевност на Млада Босна (Књижевност Младе Босне) (Сараево, 1965), во целост го рехабилитирал Митриновиќ, го вратил во контекстот на српската авангарда.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. МОЖДА НИСТЕ ЗНАЛИ О НЕВЕСИЊУ (31 )Радио Невесиње, 19. 3. 2013.
  2. Гојко Тешић, Антологија песништва српске авангарде (1902—1934), Светови, Нови Сад, 1993.