Димитрија Атанасов Поповски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Димитрија Атанасов Поповски ( 1927 во Кочанско1945 ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Се доселил во Скопје, каде го завршил основното училиште. Во септември 1944 година, стапил во вториот баталјон на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Се истакнал како примерен и дисциплиниран борец. Бил учесник во сите борби против балистите и Германците, во околината на Скопје. На 13 ноември учествувал во борбите за неговото ослободување. Непосредно по ослободувањето на Скопје и Македонија, заминал на Косово каде учествувал во акциите за целосно разоружување на преостанатите балистички групи и поединци. Поради тешките напори на војната оболел од белодробна туберкулоза од што и починал.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 236. На |first= му недостасува |last= (help)