Димитрис Семсис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитрис Семсис
Δημήτρης Σέμσης
Димитрис Семсис
Животописни податоци
Роден(а)1883, Струмица, Отоманско Царство, денес Македонија
Починал(а)13 јануари 1953 во Атина
Занимањамузичар, композитор

Димитрис Семсис или Димитрис Салоникиос (грчки: Δημήτριος/Δημήτρης Σέμσης/Σαλονικιός) бил грчки музичар.

Семсис е роден во 1883 година во Струмица. По започнувањето на Првата светска војна, тој заедно со своето семество се преселил да живее во Солун. Во следните години започнал да работи во голем број на градови низ Балканите, Сирија, Турција и Египет. Во 1920 година се засолнил во Смирна, каде се запознал со неколку композитори. Од Смирна заминал во 1922 година, а во 1927 година започнал да живее во Атина. Овде Семсис го добил и прекарот Салоникиос (или Солунски). Во текот на својата кариера напишал повеќе од 100 песни.

Починал во Атина во 1953 година.