Димитриос Калапотакис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Димитриос Калапотакис
Demetrios-Kalapothakis.jpg
Грчки новинар и основач на Елиномакедонскиот комитет
Роден 1862
Ареополи, Грција
Починал 1921
Минхен, Германија

Димитриос Калапотакис или Димитрис Калапотакис (грчки: Δημήτριος Καλαποθάκης) е грчки новинар, основач на Елиномакедонскиот комитет и еден од главните идеолози на грчката воружена пропаганда.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тој е роден во 1862 година во Ареополи (Цимова), главниот центар на пелопонеската област Мани. Во 1885 година во Волос го основал весникот Симеа (Знаме), а следната година весникот почнал да се печати и издава во Атина. Од 1896 година започнал да го издава весникот Емброс (Напред), еден од најтиражните грчки весници.

Калапотакис е секретар на истакнатиот грчки политичар и премиер Харилаос Трикупис.[1].

Во 1904 година Калапотакис го формирал Елиномакедонскиот комитет во Атина и започнал со организирање на грчката воружена пропаганда во Македонија [2].

Тој ги создал Обшите укази за македонските чети од Високиот совет на Македонскиот комитет, а во нив била определена борбата на андартите главно како антибугарска [белешка 1].

Елиномакедонскиот комитет го подржувал андартското движење со собирање на доброволци од Крит и Мани, како и со пратки на оружје од внатрешноста на Грција.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Грчките националисти и пропагандисти Македонците ги нарекуваат Бугари, Бугарофони или Славофони... Додека пак самите себеси се нарекуваат како „Македономахи“ или „Македонски борци“ (Μακεδονομάχοι) види: Mαρτύρων καί Hρώων αίμα од Јон Драгумис и „Македонската борба (спомени на Германос Каравангелис)“

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Νικόλαος Μπουφίδης. Μια πρώτη προσέγγιση στη διαμάχη Λιβαδειάς-Θήβας
  2. Δημήτριος Καλαποθάκης

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Общи указания за македонските чети от Висшия съвет на Македонския комитет - от http://forum.skycode.com/