Димитар Љоровски Вамваковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Димитар Љоровски Вамваковски (Скопје, 12 декември 1981) - македонски историчар и професор во Институтот за национална историја - Скопје. Неговиот научен интерес првенствено е насочен кон историјата на Балканот во доцноосманлискиот период, со посебен осврт кон историјата на Грција во XIX и почетокот на ХХ век, грчката политика кон османлиска Македонија и Македонското револуционерно националноослободително движење.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Димитар Љоровски Вамваковски е роден во 1981 година, во Скопје, Р. Македонија. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје во 2005 година. Во 2009 година се вработил во Институтот за национална историја - Скопје како помлад асистент. Магистрирал 2009 година, а докторската дисертација ја одбранил 2013 година, кога бил избран за доцент. Во 2016 бил избран за вонреден професор.

Библиографија[уреди | уреди извор]

До 2017 година има објавено две монографии и околу 40 научни статии и голем број публицистички текстови. Има учествувано и на голем број научни симпозиуми и конференции.[2]

  • Политичката реалност и изумирањето на митот за Давид и Голијат: Македонија и Грција на Балканот. Скопје, 2014 година.
  • Германос Каравангелис: Грчката пропаганда во Костурската епархија (1900-1903). Скопје, 2017 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Институт национална историја, Скопје. „ИНИ“. www.ini.ukim.mk. конс. 2017-12-08. 
  2. „Dimitar Ljorovski Vamvakovski | Institute of National History, Skopje, Republic of Macedonia - Academia.edu“. ini.academia.edu. конс. 2017-12-08.