Димитар Кемалов
Изглед
Димитар Георгиев Кемалов (17 јануари 1898 Калапот, Драмско, Егејска Македонија — 1923 во Софија, Бугарија ) — член на БЗНС од македонско потекло и подржувач на идеите на Јане Сандански за решавање на македонското прашање.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Потекнувал од револуционерно семејство и неговиот татко бил член на ВМОРО. Завршил прогимназија во Драма, а потоа учел духовна семинатија во Цариград. После војната од 1913 година неговото семејство се преселило во Гоце Делчев, а во 1919 година завршил духовна семинарија во Софија.[1] Во 1923 година бил одвлечен од неговиот дом од страна на „јавната безбедност“ кои заеднички дејствувале со четниците на Тодор Александров и Александар Протогеров. Тој бил однесен во непознат правец каде бил убиен.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Khristov, Khristo (1994). Енциклопедия: Пирински край. А-М (бугарски). Енциклопедия. стр. 426. ISBN 978-954-90006-1-0.
- ↑ Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 332. ISBN 323.285.497.3 Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help).
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |