Димитар Кафтанџиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Кафтанџиев
Роден 8 ноември 1926
Струмица
Починал 18 мај 2023
Скопје
Националност Македонец
Занимање хирург
професор

Димитар Христов Кафтанџиев (8 ноември 1926 во Струмица18 мај 2023 во Скопје) — македонски хирург и универзитетски професор. Тој бил

редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Кафтанџиев ги врши првите операции на отворено срце во Македонија. Од 1963 до 1987 година е директор на Клиниката за тораковаскуларна хирургија, а од 1976 до 1982 година е директор на Хируршката клиника. Од 1970 до 1972 година е продекан на Медицинскиот факултет во Скопје. Кафтанџиев има објавено научни и стручни трудови и книги.[1] Добитник е на награди, меѓу кои е и наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 1977 година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Кафтанџиев“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 683. Text "series " ignored (help)
  2. „Град Скопје - Официјален портал“. skopje.gov.mk. Посетено на 19 декември 2022.