Димитар Исаковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Димитар Исаковски ( 1927 во Дебарско1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Во потрага за подобар живот се доселил во Скопје. Работел како општ работник. Започнал организирано да работи за народноослободителната борба. Бил учесник во разни диверзантски акции, во растурањето на летоци, собирање материјална помош и слично. Во почетокот на септември 1944 година, стапил во борбените редови на македонска ударна бригада. Бил борец во третата чета на првиот баталјон. Често бил ангажиран да врши курирски задачи, што ги исполнувал со успех. Во борбата што бригадата ја водела против балистичките банди во Долно Соње, храбро загинал близу селските гробишта во селото.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 197. На |first= му недостасува |last= (help)