Димитар Икономов
Димитар Икономов | ||
Роден | 1873 година Ловча, Неврокопско | |
---|---|---|
Починал | 1922 година Неврокоп Убиен од луѓето на Тодор Александров |
Димитар Икономов (Ловча, Неврокоп, 1873 — Неврокоп, 1922) — македонски револуционер,[1] член на МРО / ТМОРО / ВМОРО.[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во селото Ловча, Неврокопско. Завршил педагошко училиште во Скопје во 1899 година. Учителствувал во село Србиново, Горноџумајско и Старчишта, Неврокопско. Соработувал со Јане Сандански. Земал учество во киднапирањето на американската мисионерка мис Елен Стон. Во 1903 година бил затворен во солунскиот затвор Еди Куле. Бил амнестиран во 1904 година.[2]
Бил подвојвода во неврокопската реонска чета на војводата Петар Милев. Членувал во Неврокопскиот околиски комитет и бил и реонски војвода во Неврокопско. Од 1906 година бил член на Серскиот окружен комитет на ВМОРО. Учествувал во Балканските и Првата светска војна.[2]
Во 1920 година бил избран за кмет на Неврокоп.[2] Во 1922 година се спротивставил македонската револуционерна организација биде водена од Тодор Александров, по што бил ликвидиран од неговите четници.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- Луѓе од Ловча
- Луѓе од Неврокоп
- Родени во 1873 година
- Починати во Неврокоп
- Починати во 1922 година
- Македонски револуционери
- Македонски преселници во Неврокоп
- Убиени по наредба на Тодор Александров
- Дејци на МРО
- Дејци на ТМОРО
- Дејци на ВМОРО
- Матуранти од Скопското педагошко училиште
- Учесници во Илинденското востание