Прејди на содржината

Димитар Апасиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Апасиев
Претседател на Левица
На должноста
Стапил
14 ноември 2015
Лични податоци
Роден(а) 22 септември 1983(1983-09-22)(41 г.)
Титов Велес, СР Македонија, СФРЈ
Партија Левица
Установа Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје
Професија правник, политичар
Вероисповед Православен христијанин

Димитар Апасиевмакедонски политичар и правник, универзитетски професор и претседател на политичката партија Левица. На парламентарните избори во 2020 година е избран за пратеник во македонското Собрание откако неговата партија за првпат освоила две пратенички места, воедно придружуван од Борислав Крмов.[1]

Раниот живот

[уреди | уреди извор]

Апасиев е роден на 22 септември 1983 година во тогашен Титов Велес, СФР Југославија.[2]

Образование

[уреди | уреди извор]

Апасиев дипломирал, магистрирал и докторирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при најстариот прворангиран македонски Државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, отсек: Правни студии, потпрограма: Римско право. Неговата магистерска теза носи наслов „Јавноправни институти на Римското право реципирани во денешните правни системи“; а докторската дисертација, „IUDICIA PUBLICA – Римското кривично процесно право (со посебен осврт на правосудниот систем во времето на Републиката)“.[2] Неговиот континуиран просечен успех постигнат на прв, втор и трет циклус студии е 10.00 (десет) – без ниту еден преполаган испит во текот на школувањето.

Носител е на наградите: Златен Цицерон – како двократен апсолутен победник на традиционалните Ораторски вечери „Иво Пухан“; Плакета Јустиција за најдобар постигнат успех на правни студии – како првенец на повеќе генерации; јубилејната Деветтоноемвриска награда проф. д-р Ѓорѓи Шоптрајанов за најдобар студент на општина Велес и уште десетина други.

Бил на студиски престој на најдобриот руски Државен универзитет „Ломоносов“ (Москва), а бил стипендист на Министерството за образование и наука на РМ (четири години); на Фондацијата за талентирани студенти „Коле Неделковски“ (две години); на European Public Law Center (Kikones Programme за млади правници); како и на Россотрудничество (Программа: Новое Поколение).

Апасиев моментално (2020) е вонреден професор на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип – Катедра за граѓанско право. Предава: Римско право, Историја на правото, Философија на правото и Судска реторика. Претходно, пет години бил доцент, една година бил асистент-докторанд, три години бил помлад асистент на штискиот Правен факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“. Апасиев пет години работел како демонстратор на Правен факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ.

Негов научен интерес првенствено е правната романистика и правно-историските, правно-философските и јавноправните науки, како и други сродни јуристички дисциплини. Има учествувано на повеќе од стотина домашни и меѓународни симпозиуми, научни расправи, стручни собири, конференции, средби, смотри, семинари, летни и зимски школи, кампови, промоции, обуки, презентации, трибини, панел-дискусии, тркалезни маси и јавни дебати од различни области на правото – во земјата и странство (Русија, Турција, Грција, Бугарија, Хрватска, Србија и др.).

Учествувал во неколку научноистражувачки проекти и досега има објавено тринаесет книги и монографии, во соавторство со наши видни професори и академици; како и над 50 статии, односно, научни и стручни трудови, поглавја, прикази на книги, истражувачки студии и есеи. Има преведено и редактирано десетици стручни текстови за разни општествени теми од познати теоретичари – и тоа, од англиски, руски, бугарски и српско-хрватски јазик.

Пред и по полагањето на правосудниот испит, тој е член на повеќе работни тела, експертски комисии, мрежи, стручни платформи и бази на податоци, со создадени професионални open access профили. Бил правен консултант и советник за цивилноправни прашања на неколку правосудни државни органи, синдикати, граѓански здруженија, неформални активистички иницијативи и општествени движења; а негови ставови и коментари за важни општествено-политички прашања – во форма на писма, изјави, интервјуа, колумни и академски блогови – се објавени скоро во сите македонски пишани и електронски медиуми.

Апасиев е автор на голем број книги и монографии, вклучително и над 50 академски написи и трудови.[3]

Досегашни изданија во авторство на Апасиев:

  • Римско право – Практикум II.  Штип: Државен универзитет „Гоце Делчев“ [Е-Библиотека], 2019.
  • Римско право – Скрипта II.  Штип: Државен универзитет „Гоце Делчев“ [Е-Библиотека], 2019.
  • Реторика: историски и современи аспекти (соавтори: М. Поленак-Аќимовска, В. Бучковски, Г. Наумовски и Ј. Андоновски).  Скопје: Арс Ламина, 2019.
  • Антички правни споменици – хрестоматија. Скопје: Magna Carta [Едиција: Правна историја], 2017.
  • Римско судско право – I: Правосудниот систем во времето на Кралството.  Скопје: MAGNA CARTA [Едиција: Правна романистика], 2016.
  • Римско право – Практикум (I).  Штип: Универзитет „Гоце Делчев“  [Е-Библиотека], 2015.
  • Римско право – Скрипта (I).  Штип: УГД [Е-Библиотека], 2015.
  • Работни спорови – позитивни примери од судската пракса (соавтори: И. Михајловска, А. Ковачевски, И. Мишевски, С. Бошковски, С. Карапанчев и Г. Секулоски). Скопје: ДСП „Ленка“, 2011.
  • Социјализмот во XXI век – Минато, сегашност, иднина (соавтори: акад. проф. д-р М. Ѓурчинов, проф. д-р С. Шкариќ, проф. д-р Љ. Цуцуловски и проф. д-р Б. Ванковска). Скопје: СПМ, 2010.
  • Обезвреднување на трудот – Анализа на трудовоправната легислатива во периодот на транзицијата (соавтори: доц. д-р З. Савески, А. Ковачевски и м-р К. Василев). Скопје: ДСП „Ленка“, 2010.
  • The Name Issue: Greece and Macedonia (with S. Skaric & V. Patchev).  Skopje: Matica Makedonska, 2009.
  • Спорот за името – Грција и Македонија (соавтори: проф. д-р С. Шкариќ и В. Патчев).  Скопје: ЈП „Службен весник на РМ“, 2008.
  • Во пресрет на Десеттата ораторска вечер – „Иво Пухан“ [ур.].  Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (Јубилеен зборник по повод 55 години од основањето на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ), 2006.

Политичка кариера

[уреди | уреди извор]

Тој е еден од водечките политички активисти на Движењето за социјална правда „Ленка“, како и основач, член на Президиумот и прв претседател на Политичката партија Левица, основана во ноември 2015 година.[4]

  1. „Резултатите прелиминарни, нов парламент за 20 дена“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 16 јули 2020. Посетено на 24 јули 2020.
  2. 2,0 2,1 „Curriculum Vitae“.
  3. „Димитар Апасиев“. Архивирано од изворникот на 2020-12-05.
  4. „Покана за прес – Формирање на „ЛЕВИЦА".

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]