Диме Трајковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Диме Јорданов
Роден 1924 година
Црешево, Скопје, Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал 16 април, 1945 година
Срем
Националност Македонец

Диме Јорданов Трајковски ( 1924 во Црешево, Скопско1945 во Срем) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада со која учествувал во сите борби на Бригадата против балистите и Германците на падините на Скопска Црна Гора. По борбите за ослободување на Скопје, учествувал во ликвидирањето на одметнатите балистички банди на Косово, а подоцна со Бригадата заминал во Срем. Бил учесник во големата офанзива на Првата југословенска армија. Во борбите за ослободување на Срем, во првата половина на април 1945 година, храбро загинал во еден судир против германските вооружени сили.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 149. На |first= му недостасува |last= (help)