Диме Толовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Диме Толовски
Роден 17 декември 1925
Кавадарци
Починал 8 февруари 1992
Москва
Националност Македонец
Познат Македонско-руски речник
Занимање лексикограф, преведувач

Диме Толовски (Кавадарци, 17 декември 1925Москва, 8 февруари 1992) – дипломиран градежен инженер, лексикограф, преведувач и новинар-радиоспикер.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Толовски е роден во Кавадарци на 17 декември 1925 година. Како гимназијалец, од 1942 година се вклучува во Народноослободителното движење, првин како илегален активист, а потоа во состав на 41. дивизија на НОВМ.

По ослободувањето, од 1944 до 1946 година, предавал математика и физика во гимназијата во Кавадарци и учествувал во општествено-политичките организации во градот. На предлог на владата на ФНРЈ, во 1946 година бил испратен на студии во СССР. Дипломирал и ги завршил постдипломските студии по градежништво, но по Резолуцијата на Информбирото во 1948 година, останал во Москва и се определил за водител на дневната емисија на македонски јазик на Радио Москва.

Преведувал поезија и проза од македонски јазик на руски и обратно, а со помош на рускиот филолог Владислав Илич-Свитич, го составил првиот Македонско-руски речник (30.000 зборови со кратка граматика) под редакција на Н.И. Толстој.

Починал во Москва, а посмртните останки, по негово завештание, биле погребани во неговиот роден град на 2 октомври 1993 година.[1]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Д. Толовски и В.М. Иллич-Свитыч. Македонско-русский словарь. 30000 слов. Под ред. Н.И.Толстого. С приложением краткого грамматического справочника, составленного В.М.Илличем-Свитычем. Государственное издательство иностранных и национальных словарей, Москва, 1963; 576 с.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1491. ISBN 978-608-203-024-1.