Диме Иванов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Диме Иванов
Роден 1946
СР Македонија Неготино, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец

Диме Иванов (познат под псевдонимот Димано) — македонски стрип-автор од постарата генерација. Својот прв стрип, насловен „Дванаесетмината“, кој го работи по сценарио на новинарот и публицист Мишо Китановски, го објавува во 1974 година, во списанието „Наш свет“.

Како цртач, Димано се одликува со изразена стрпливост и со широчина на ликовниот израз, а подеднакво добро се справува во илустрирањето и на реалистични и на карикатурални стрипови. Во своето четирисетгодишно стриповно творештво, тој најчесто соработува со сценаристите Мишо Китановски, Илија Јордановски и Ксенофон Угриновски, а на дел од стриповите и самиот се потпишува како сценарист.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Томислав Османли, "Развојот на стрипот во Македонија – седум децении стриповно творештво", Стрип, запис со човечки лик, "Млад борец", 1987; "Култура", Скопје 2002; Проект Растко - Македонија