Диме Јанкулев Смугрески
Изглед
| Диме Јанкулев Смугрески | ||
| Роден | 1871
Обршани, Битолски Вилает, Османлиско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 2 јуни 1906
| |
Диме Јанкулев Смугрески е роден во 1871 година во прилепското село Обршани. Бил учесник во Илинденското востание и селски војвода. Бил член на ТМОРО од 1896 година. Во Илинденското востание предводел селска чета од 40 востаници во одредот на војводата Тодор Христов - Офицерчето. Се истакнал на Битката кај Слива на 13 август 1903 за одбрана на Крушевската Република. Бил убиен на 2 јуни 1906 година.