Дил (река)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дил
Dill

Поглед на Диленбург со реката Дил
Извор Ротарсгебирге / Вестервалд
Утока Лана
50°33′03″ СГШ 8°29′18″ ИГД / 
Тек ЛанаРајнаСеверно Море
Земји во сливот Германија
Должина 55 km (34 mi)
Надм. вис. на изворот 567 m (1,860 ft)
Надм. вис. на устието 147 m (480 ft)
Сливно подрачје 718 km2 (277 sq mi)

Дил (герм. Dill) е река што тече низ средишниот дел на покраината Хесен, Германија и има должина од 55 км. Таа е десна притока на Лана, во која се влева кај градот Вецлар.

Течение[уреди]

Реката тече исклучиво низ округот Лана-Дил во Хесен. Извира на надморска височина од околу 567 м,[1] северно од Хајгер-Офдилн на источните падини на планинскиот предел Хајнски Вис (Haincher Höhe), кајшто се среќаваат венците Ротаргебирге и Вестервалд. Течението има приближна насока од север кон југ и минува низ местата Хајгер, Диленбург, Херборн, Аслар, за на крај да се влее во Лана кај Вецлар.

Многу места по течението имаат имиња изведени од реката. Во горното течение, такви се Одфилн, Дилбрехт, Фелердилн, Диленбург, а подолу се среќава Дилхајм.

Притоки[уреди]

Гледано низводно, најголеми притоки на Дил се: Росбах, Хајгербах, Аубах, Донсбах, Дицхелце, Нанценбах, Шелде, Ар, Амбах, Ребах, Лемп и Блазбах.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]