Дилма Русев

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Дилма Русеф)
Прејди на: содржини, барај
Дилма Вана Русев
Дилма Русев

36
Мандат
2010 – 2014
Претходник Луис Инасио Лула да Силва

Роден 14 декември 1947
Бразил
Партија Работничка партија

Дилма Вана Русев (португалски: Dilma Vana Rousseff, р. 14 декември 1947) — бразилски економист, политичар и претседател на Бразил од 2011 до 2016 г. од владејачката Работничка партија[1]. Русев е воедно и првата жена претседател на Бразил.

Семејство[уреди | уреди извор]

Таткото на Дилма, Петар Стефанов Русев бил деец на Комунистичка партија на Бугарија (КПБ) во Габрово, но во 1929 година избегал во Франција, а неколку години подоцна и во Бразил, каде што го променил името во Педро Русеф. Тој се оженил со учителката Дилма Жана да Силва, со која имале 3 деца, Игор, Дилма и Жана Лусија.

Кариера[уреди | уреди извор]

Русев се приклучила на младинската организација на Социјалистичката партија во 1967 година. Таа учествувала во противзаконскиот отпор против воената диктатура и била уапсена во 1970 година, мачена била 22 дена и била осудена од Воениот суд на Бразил. Дилма Русев била ослободена од затворот кон крајот на 1972 година.

Подоцна, Русев се откажала од радикалните методи на политичка борба. Во периодот од 2003 до 2005 година, Дилма Русев била министер за рудниците и енергијата на Бразил. Од 21 јуни 2005 година била шеф на канцеларијата на бразилскиот претседател Луис Инацио Лула да Силва.

Во 2010 година Дилма се кандидирала за претседател на Бразил. Во својата предизборна кампања се залагала за аграрна и политичка реформа, расни квоти, слобода на религијата и хомосексуални граѓански здруженија, но исто така била против смртната казна и легализацијата на лесните дроги. На првиот круг на 3 октомври собрала 46,9% од гласовите. Вториот круг од изборите се одржале на 31 октомври 2010 година и Дилма освоила 55,96% од гласовите.

Симнување од власт[уреди | уреди извор]

Во 2015 г. се прифатени јавните обвиненија поднесени против Русев во изминатите години за незаконско и неотчетно постапување со сојузниот буџет и прифатени од Претставничкиот дом,[2] иако голем број стручњаци сметале дека ваквото делување на претседателката не водат кон нејзина кривична одговорност. На 12 мај 2016 г. Сенатот привремено ѝ ги одзел овластувањата и должностите во рок од шест месеци, додека не се дојде до пресуда за обвиненијата.[3] Во овој период за вршител на должноста е избран потпретседателот Мишел Темер .[4][5]

На 31 август 2016 г. сенатот изгласал со 61 наспроти 20 гласа дека Русев е виновна за кршење на буџетските закони и ја симнале од функцијата.[6][7] На нејзино место дошол Темер, дотогашниот вршител на функцијата.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Шаблон:Бразил-био-никулец