Дилан Дог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Дилан Дог е италијански хорор стрип серија, каде главниот лик е истражувач на паранормалното. Стрипот е креиран од Тициано Склави за италијанската издавачка куќа Серџо Бонели Едиторе. Иако е печатен во Италија, дејството на стрипот главно се одвива во Лондон, каде живее главниот лик, иако одвреме-навреме патува секаде. Дарк Хорс Комикс ја печател англиската верзија на Дилан Дог. Исто така овој стрип е печатен во Хрватска, Србија, Косово, Данска, Холандија, Полска, Шпанија и Турција. А кај нас моментално се печати од страна на издавачката куќа М-комикс

Историја на стрипот[уреди | уреди извор]

Дилан Дог е измислен од Тицијано Склави, италијански пишувач на стрипови и романи, а цртаниот дел во почеток бил главно на Клаудио Вила, а кој инспирацијата за ликот ја добил од англискиот глумец Руперт Еверет, од неговата улога во филмот Друга земја,[1] а денес а негово место има многу меѓу кои најпознат е Корадо Рои. Првиот број е излезен во 1986 година

За ликовите[уреди | уреди извор]

Дилан Дог е истражувач на ноќните мори, кој е во банкрот. Неговата облека е карактеристична: секогаш се облекува на ист начин, црвена маица, црна јакна и плави фармерки. Купил дванаесет исти облеки после смртта на неговата девојка Лили Коноли. Дури и на лошо време, тој никогаш не носи палто или чадор, бидејќи како што самиот вели - „палтото ќе му го уништи имиџот“, а за чадорот смета дека е „бескорисен пронајдок. Посебно кога не врне.“

Еден од главните ликови е неговиот помошник Гручо, кој е двојник на познатиот комичар Гручо Маркс. Тука е и инспекторот Блок, кој му бил шеф на Дилан Дог додека работел во Скотланд Јард и претставува татковска фигура (тој всушност го нарекува Дилан Дог „Старо момче“), иако Дилан започнал приватен бизнис како истражувач специјализиран за натприродни појави. Блок и Дилан често си помагаат еден на друг. Блок е порационален и поприземен од Дилан и често ги отфрла објаснувањата за натприродното. Тој е стар, но способен полицаец кој сонува за пензија.

Дилан живее со Гручо во мал стан, а ѕвончето пред врата има звук на врескање. Негово хоби е свирење кларинет и правење макета на брод, кој никогаш не го доправа. Има многу фобии, вклучувајќи клаустрофобија, страв од љиљаци и акрофобија. Никогаш не патува со авион. Некогаш бил алкохоличар, но сега повеќе не пие. Вегетаријанец е. Не сака да користи мобилен телефон, а за запишување на своите мемоари користи мастилница и перо со пердув. Сака литература, посебно поезија, музика (од класична музика до хеви метал) и хорор филмови. Постојано е без пари, но како да не се грижи многу за парите. Всушност, првиот совет кој обично им го дава на клиентите е да појдат на психијатар или психолог.

Не верува во случајности.

Безнадежно е романтичен, кој се вљубува и ја губи новата девојка во речиси секој број на стрипот. Всушност, во најголемиот број случаи, неговите клиенти се жени со кои има сексуална врска.

Изданија[уреди | уреди извор]

Серијата се појавила за првпат во октомври 1986 година, со бројот со наслов "Зората на живите мртовци" (L'alba dei morti viventi), која ја осмилил Тицијано Склави, а ја илустрирал Анѓело Стано. Ова се покажало како голем издавачки успех во годините кои следеле. Во мај 2003 година излегол бројот двесте, кој го осмислила Паола Барбато, а го илустрирал Бруно Бриндизи. Од тогаш се појавиле и други изданија со текот на времето како Макси Дилан Дог изданијата, специјалните броеви и сл.

Влијанија[уреди | уреди извор]

Забележано е дека италијанскиот писател Умберто Еко рекол: „Можам да ја читам Библијата, Хомер или Дилан Дог со денови без да ми здосади.“[2]

Филм[уреди | уреди извор]

Дилан Дог: Длабока ноќ

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дилан Дог: Длабока ноќ.

Кевин Манро е режисерот на американскиот филм работен според стрипот Дилан Дог, со Брендон Рут во главна улога. Разликите со стрипот се следниве: дејството се одвива во Њу Орлеанс наместо во Лондон; Гручо е заменет со лик по име Маркус (бидејќи продуцентите не можеле да обезбедат права за користење на ликот и името на Гручо Маркс), и уште една разлика е во тоа што автомобилот што го вози Дилан Дог, Буба Фолксваген, е црн со бел покрив, наместо обратно како што е во стрипот. За премиера на филмот се најавуваше Хелоуин 2010 во Италија, но одложено е за март 2011 година. Филмот е во продукција на независната компанија Platinum studios.

Фановите сепак биле незадоволни од филмот поради отстранувањето на Гручо и преместувљњето од Лондон па затоа се појавиле нелиценсирани филмови од фанови како Дилан Дог Жртва на случкте (Vittima degli eventi ) кои се достапни бесплатно.

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. Italian Dylan Dog fan site (Italian)
  2. Eco Umberto in Ostini Alberto (1998), Dylan Dog, indocili sentimenti, arcane paure, «Umberto Eco e Tiziano Sclavi. Un dialogo», Milan, Euresis)

Референци[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]