Диктафон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Диктафон е уред за снимање на звук кој најчесто се користи за снимање говор кој подоцна ќе се репродукцира или во новинарство. Вклучува дигитални диктафони и магнетофони.

Називот "Диктафон" е заштитен знак на компанијата со исто име, но исто така станал вообичаен термин за сите машини за диктирање, како генерички заштитен знак.

Olympus дигитален диктафон.

Историја[уреди | уреди извор]

Алекандар Грејам Бел и неговите два соработника го зеле едисоновиот алуминијумски фонограф и значително го модификувале за да репродуцираат звук од восок наместо од алуминијумска фолија. Тие ја започнале својата работа во беловата лабораторија Волта во Вашингтон, Д. Ц., 1879 и продолжиле се додека не ги добиле основните патенти во 1886 година за снимање во восок.[1]

Набрзо откако Томас Едисон го измислил фонографот, прв уред за снимање на звук, 1877 година, сметал дека главна употреба на новиот уред била за снимање на говор во работно опкружување.

Дигиталните диктафони се појавиле во 1990-тите години.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Newville, Leslie J. Development of the Phonograph at Alexander Graham Bell's Volta Laboratory, United States National Museum Bulletin, United States National Museum and the Museum of History and Technology, Washington, D.C., 1959, No. 218, Paper 5. стр. 69–79. Retrieved from ProjectGutenberg.org.