Дизмикли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дизмикли
Πηγάδια
Дизмикли is located in Грција
Дизмикли
Дизмикли
Местоположба во областа
Дизмикли is located in Доксат
Дизмикли
Местоположба на Дизмикли во Општина Доксат и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°7′N 24°18′E / 41.117° СГШ; 24.300° ИГД / 41.117; 24.300Координати: 41°7′N 24°18′E / 41.117° СГШ; 24.300° ИГД / 41.117; 24.300
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДоксат
Општ. единицаДоксат
Надм. вис.&10000000000000215000000215 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно168
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Дизмикли или Дебизмакли (грчки: Πηγάδια, Пигадија)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 16 километри источно од градот Драма и на 11 километри североисточно од Доксат.

Селото се наоѓа на надморска височина од 215 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 234 Турци[3].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 331 жители[4]

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 г. селото е прекрстено во Пигадија[5].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 82 грчки семејства со 317 лица[6]. Во 1928 година, бројот на населението бил 359 лица, додека во 1940 година селото броело 394 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 381 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 395 жители, во 1971 година имало 273 жители, во 1981 година имало 243 жители, додека во 1991 година имало 204 жители[7]. Денеска, населението на селото е 208 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 394 381 395 273 243 204 / 208
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]