Прејди на содржината

Диего Пласенте

Од Википедија — слободната енциклопедија
Диего Пласенте
Лични податоци
Полно име Диего Родолфо Пласенте
Роден на 24 април 1977(1977-04-24)(48 г.)
Роден во Буенос Аирес, Аргентина
Држава Аргентина Аргентина
Висина &100000000000000017600001,76 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Сегашен клуб Аргентина Аргентина 20 (селектор)
Повлекување 2014 (36 г.)
Младинска кариера
19??–1995 Аргентинос Хуниорс Аргентинос Хуниорс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1995-1997 Аргентинос Хуниорс Аргентинос Хуниорс 36 (0)
1997-2001 Ривер Плејт Ривер Плејт 110 (5)
2001-2005 Бајер Леверкузен Бајер Леверкузен 123 (3)
2005-2007 Селта Селта Виго 59 (0)
2008 Сан Лоренцо Сан Лоренцо 14 (0)
2008-2010 Бордо Бордо 9 (0)
2010-2011 Сан Лоренцо Сан Лоренцо 16 (0)
2011-2012 Насионал Насионал 11 (0)
2012-2013 Аргентинос Хуниорс Аргентинос Хуниорс 16 (1)
Репрезентација
1997 Аргентина Аргентина 20 7 (1)
2000–2005 Аргентина Аргентина 22 (0)
Раководител на екипите
2014-2015 Аргентинос Хуниорс Аргентинос Хуниорс (асистент)
2017-2024 Аргентина Аргентина 15 (асистент)
2023-2024 Аргентина Аргентина 17
2024- Аргентина Аргентина 20

Диего Родолфо Пласенте (роден на 24 април 1977, во Буенос Аирес) е аргентински фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од одбраната.

Во моментов е селектор на аргентинската репрезентација под 20 години.

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Неговата главна позиција била лев бек, но во текот на кариерата по потреба тој играл и како централен дефанзивец и лево крило.[1]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Неговата фудбалска кариера започнала во 1995 година кога, со нешто повеќе од 18 години, го направил своето деби во аргентинското првенство носејќи го дресот на Аргентинос Хуниорс. Две години подоцна, тој се преселил во Ривер Плејт, силно посакуван од тренерот во тоа време, Рамон Дијас. После три освоени титули во аргентинското првенство, во јануари 2001 година, Диего ја добил својата голема шанса да се пресели во Европа; тој бил купен од германскиот клуб Бајер Леверкузен. Таму поминал пет сезони, вклучително и сезоната 2001-2002, во која и покрај тоа што бил на дофат клубот не успеал да освои ниту една титула, губејќи ги битките за титулата во Бундеслигата (во последното коло) и Купот на Германија (во финалето), за на крајот да го загубат и финалето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид со 2-1. По завршувањето на сезоната 2004-2005, Пласенте не го продолжил договорот со германците и можел да бара нов клуб како слободен играч.

Во текот на летото 2005 година, тој имал бројни контакти со клубови како Џенова, Рома, Евертон и Атлетико Мадрид, но на крајот потпишал за Селта Виго. Таму, тој одиграл две сезони во шпанската Примера Дивисион, а потоа неговиот договор бил раскинат на 9 септември 2007 година.

Од 9 јануари до 28 јули 2008 година, тој играл за аргентинската екипа Сан Лоренцо, чиј тренер повторно бил Рамон Дијас. Во летото 2008 година, Пласенте се вратил во Европа, каде потпишал договор со францускиот клуб Бордо.[2] По две години во Бордо, исполнети со многу повреди, кој крајно го лимитирале бројот на неговите настапи (забележал само 9), тој го напуштил клубот по истекот на неговиот договор. На 19 јули 2010 година, тој со слободен трансфер се вратил во Сан Лоренцо.[3]

На 15 јули 2011 година, тој бил купен од уругвајскиот Насионал, со кој потпишал едногодишен договор.

На 31 јули 2012 година, Пласенте потпишал едногодишен договор со Аргентинос Хуниорс, враќајќи се во клубот во кој ја започнал својата фудбалска кариера. Таму ја поминал својата последна сезона во кариерата, пред да ја заврши истата на 12 февруари 2014 година.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Пласенте играл за аргентинската репрезентација под 20 години со која настапил на Јужноамериканското првенство 1997 и Светското првенство 1997, освојувајќи ги двете.

За сениорската репрезентација дебитирал на 20 декември 2000 година, за време на победата со 2-0 над Мексико на Рибок купот во Лос Анџелес.

Тој бил повикан за Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, каде одиграл два натпревари, во елиминацијата на Аргентина уште во групната фаза. Потоа, тој играл и на Копа Америка 2004, каде настапил само во полуфиналната победа со 3-0 над Колумбија; Аргентина завршила како втора на првенството, по поразот од Бразил во финалето.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Аргентина
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
20-12-2000Лос АнџелесАргентина Аргентина2 – 0Мексико МексикоРибок куп-
5-9-2001Буенос АиресАргентина Аргентина2 – 1Бразил БразилКвал. за СП 2002-заменет 46'
14-11-2001МонтевидеоУругвај Уругвај1 – 1Аргентина АргентинаКвал. за СП 2002-влегол во игра 82'
13-2-2002КардифВелс Велс1 – 1Аргентина АргентинаПријателска-
27-3-2002ЖеневаАргентина Аргентина2 – 2Камерун КамерунПријателска-влегол во игра 76'
17-4-2002ШтутгартГерманија Германија0 – 1Аргентина АргентинаПријателска-влегол во игра 89'
2-6-2002КашимаАргентина Аргентина1 – 0Нигерија НигеријаСП 2002 - Прва фаза-
7-6-2002СапороАргентина Аргентина0 – 1Англија АнглијаСП 2002 - Прва фаза-
30-4-2003ТриполиЛибија Либија1 – 3Аргентина АргентинаПријателска-
8-6-2003ОсакаЈапонија Јапонија1 – 4Аргентина АргентинаКирин Куп-
11-6-2003СеулЈужна Кореја Јужна Кореја0 – 1Аргентина АргентинаПријателска-
20-8-2003ФиренцаАргентина Аргентина3 – 2Уругвај УругвајПријателска-
9-9-2003КаракасВенецуела Венецуела0 – 3Аргентина АргентинаКвал. за СП 2006-
19-11-2003БаранкиљаКолумбија Колумбија1 – 1Аргентина АргентинаКвал. за СП 2006-добил жолт картон во 19-тата минута 19'
28-4-2004КазабланкаМароко Мароко0 – 1Аргентина АргентинаПријателска-влегол во игра 87'
27-6-2004МајамиАргентина Аргентина0 – 2Колумбија КолумбијаПријателска-влегол во игра 79'
30-6-2004Ист РатерфордАргентина Аргентина2 – 1Перу ПеруПријателска-влегол во игра 90+2'
20-7-2004ЛимаАргентина Аргентина3 – 0Колумбија КолумбијаКопа Америка 2004 - Полуфинале-влегол во игра 85'
18-8-2004ФукуроиЈапонија Јапонија1 – 2Аргентина АргентинаКирин Куп-добил жолт картон во 47-мата минута 47'
16-11-2004Буенос АиресАргентина Аргентина3 – 2Венецуела ВенецуелаКвал. за СП 2006-влегол во игра 79' добил жолт картон во 85-тата минута 85'
30-3-2005Буенос АиресАргентина Аргентина1 – 0Колумбија КолумбијаКвал. за СП 2006-влегол во игра 79'
29-6-2005ФранкфуртБразил Бразил4 – 1Аргентина АргентинаКуп на конф. 2005 - Финале-[4]
Вкупно Настапи 22 Голови 0

Аргентинос Хуниорс

[уреди | уреди извор]
1996-1997

Ривер Плејт

[уреди | уреди извор]
Апертура 1997, Апертура 1999, Клаусура 2000
1997
2008-2009
2008-2009
2008, 2009

Насионал Монтевидео

[уреди | уреди извор]
2011-2012

Репрезентативни

[уреди | уреди извор]

Аргентина под 20

[уреди | уреди извор]
1997
1997
  1. „Diego Placente - Rendimento complessivo“. www.transfermarkt.it (италијански). Посетено на 2024-03-26.
  2. „Bordeaux bag Placente“. Sky Sports. 28 July 2008. Посетено на 1 September 2008.
  3. „Diego Placente vuelve a San Lorenzo“. Cancha Llena (шпански). 18 July 2010. Архивирано од изворникот на 20 July 2010. Посетено на 18 July 2010.
  4. 2. место

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]