Дигитална библиотека на Словенија
Изглед
Дигиталната библиотека на Словенија е интернет сервис—од 2006 година дел од Европската библиотека—кој овозможува пристап до дигитализирани материјали од Националната и универзитетска библиотека на Словенија.
Колекции
[уреди | уреди извор]Од 2005 година, нејзиниот веб портал нуди бесплатен пребарувач преку изворите и бесплатен пристап до словенечки весници, периодични публикации, книги, ракописи, мапи, фотографии, музика и упатства, како и други ресурси.
- Статии од постари словенечки весници.
- Повеќе од 10.500 предмети во колекцијата на фотографии, која вклучува фотографии од карикатури нацртани од Максими Гаспари и Хинко Смрека; репродукции на цртежи и ракописи на Иван Цанкар; и разгледници со Јуриј Вега, Франце Прешерен и стара Љубљана.
- Книги од 1830 година до денес, бесплатен пристап до некои од најважните дела на словенечките автори.
- Повеќе од 3.000 научни статии објавени во многу меѓународно признати професионални и научни журнали.
- Колекција од 4.000 постери за реклами, промоции, филмови и воени постери.
- Повеќе од 1.000 предмети на партитури, вклучувајќи еден од првите аранжмани на Прешереновата Здравица (словенечка национална химна); композиции на семејството Ипаец, Даниел Фајгелј, Ристо Савин, Станко Премрел, Емил Адамич, Славко Остец, Мариј Когој; и аранжмани на словенечките народни песни и песни од пресвртните моменти во словенечката историја.
- Избор на стари мапи, вклучувајќи мапи на Крањска од Валвазор и стари планови на градот Љубљана (од 1820 до 1920 година).
- Записи на солистички пејачи и ансамбли од почетокот на 20-тиот век, вклучувајќи широк опсег на словенечките народни песни.