Дигалка за пациент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Подигање на пациентот

Дигалка за пациенти ( хидрауличен лифт ) може да биде или дигалка со појасна лулашка или дигалка за стоење. Ова е помошен уред кој им овозможува на пациентите во болниците, домовите за стари лица и лицата кои примаат домашна здравствена заштита да бидат пренесени помеѓу креветот и столчето или други слични места за одмор, со употреба на електрична или хидраулична енергија. Дигалки со појасна лулашка се користат за пациенти чија мобилност е ограничена. Тие се мобилни или пак фиксирани тавански дигалки. [1] [2]

Дигалки со појасна лулашка има неколку предности. Тоа им овозможува на тешки пациенти да бидат пренесени, а истовремено го намалува стресот кај старателите, го намалува бројот на медицински сестри кои се потребни за преместување на пациентите. Исто така ја намалува можноста за ортопедски повреди заради кревање на пациентите. [3]

Друг вид на дигалка е таванскиот лифт, кој може да биде трајно наместен на таванот од собата за подобро искористување на просторот. Грешките кои може да произлезат од користењето на лифтовите на пациентот може да резултираат со сериозни повреди, а некои повреди кои биле предизвикани од неправилна употреба или дефекти на самите дигалки со појасни лулашки довеле и до граѓански тужби. [4]

Во Македонија употребата на овој вид на асистивна технологија е на ниско ниво. Заради ценовната недостапност, оние кои имаат потреба воглавно се потпираат на донации. [5]

Исто така види[уреди | уреди извор]

  • Кревање на повредени лица

Референци[уреди | уреди извор]