Прејди на содржината

Див свет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сив волк

Дивиот свет традиционално се однесува на не-припитомени животински видови, но ги вклучува и сите растенија, габи и други организми кои растат или живеат во дивината во област во која нема луѓе.[1]

Дивиот свет може да се најде во сите екосистеми. Пустините, шумите, дождовни шуми, рамнините, пасиштата и другите области што ги вклучуваат и најразвиени урбани области кои имаат различни форми на животински свет. Иако изразот во популарната култура обично се однесува на животни кој не влијаат од човечки фактори, повеќето научници сметаат дека дивиот свет е под влијание на човековите активности.[2]

Луѓето историски гледано се обидувале да ја одделат цивилизацијата од дивиот свет на повеќе начини, вклучувајќи правна, морална и социјална смисла. Некои животни се прилагодиле на приградската средина. Овие животни вклучуваат домашни мачки, кучиња, глувци и лилјаци . Некои религии прогласија одредени животински видови за свети, а во поново време загриженоста за животната средина ги активираа активистите да протестираат против експлоатацијата на животинскиот свет заради човечка корист или забава.

Според податоците на Светскиот фонд за дивите животни, светската популација на дивиот свет е намалена на 52% од 1970 до 2014 година.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Usher, Michael B. (1986). „Wildlife conservation evaluation: attributes, criteria and values“. Wildlife Conservation Evaluation (англиски). Springer Netherlands: 3–44. doi:10.1007/978-94-009-4091-8_1. Посетено на 16 септември 2018.
  2. Wildlife : destruction, conservation and biodiversity (англиски). Nova Science Publishers. 2009. ISBN 9781606929742. Посетено на 16 септември 2018.
  3. Naik, Gautam (30 септември 2014). „Wildlife Numbers Drop by Half Since 1970, Report Says“. Wall Street Journal (англиски). Посетено на 16 септември 2018.