Див живот (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Див живот е филм од 1984 година. Сценарист е Камерун Кроу, а режисер Арт Линсон. Филмот е достапен само на VHS лента и Laserdisc со аналогна музика. Сѐ уште не е издадена DVD верзија поради авторските права на музичарите чии пенси се упоотребени во филмот и се на саундтракот.

Заплет[уреди | уреди извор]

Заплетот е околу ликовите на тројца тинејџери кои живеат во предградијата на Лос Анџелес. Бил (Ерик Столц) штотуку матурирал и се вселил во својот прв стан. Неговиот помлад брат Џим (Илан Мичел-Смит) е дете кое сака да користи бомби за да разнесува работи, посебно статуата во средното училиште. Том (Крис Пен) е прикажан како луд тинејџер. Други важни ликови се Анита (Леа Томпсон) која работи во продавница за крофни и нејзината пријателка Елејн (Џени Рајт) која работи во модерна продавница. Анита има кратка афера со полицаецот Дејвид кој е женет. Тројцата тинејџери имаат луда и забавна вечер во еден стриптиз бар и потоа прават журка во станот на Бил.