Дивјак (филм од 1952)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дивјак (англиски: The Savage) – американски филм од 1952 година, во режија на Џорџ Маршал, а според сценариото на Л. Л. Форман и Сидни Бом. Филмот е снимен според романот на Л. Л. Форман. Главните улоги ги толкуваат: Чарлтон Хестон, Сузан Мороу и Питер Хансен.

Содржина[уреди | уреди извор]

Индијанците од племетоЧавки“ напаѓаат воз при што ги убиваат сите патници, а преживува само едно мало дете. Него го спасува Индијанец од племето Сиукси и детето расте во новата средина. Многу години подоцна се заоструваат односите меѓу белците и Сиуксите, а белецот во редовите на Сиуксите се наоѓа растргнат од дилемата: дали да му остане верен на племето во кое што пораснал или да застане на страната на својата раса.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „HRT – Официјално мрежно место (пристапено на 1.4.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-04-09. Посетено на 2017-04-17.