Диви суштества (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Диви суштества (англиски: Fierce Creatures) е британско-американски филм од 1997 година, во режија на Фред Шеписи и Роберт Јанг. Главните улоги ги толкуваат: Џон Клиз, Мајкл Палин, Кевин Клајн, и Џејми Ли Кертис.

Содржина[уреди | уреди извор]

Мултинационалната компанија „Октопод“ купува една пропадната британска фирма, која раководи и со една зоолошка градина. Новиот сопственик на зоолошката градина воведува нова политика, насочена за зголемување на заработувачката. За таа цел, сопственикот на „Октопод“ ги поставува својот син (експерт за маркетинг) и младата менаџерка за односи со јавноста да ја водат зоолошката градина. Новата политика на раководење не им се допаѓа на чуварите, кои со сите сили се борат против неа. Истовремено, синот на сопственикот, не само што раководи со зоолошката градина, туку и краде пари од неа, а таткото дознава за тоа...[1] [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 867, 6.2.2015, стр. 17.
  2. „Диви суштества“, Антена, број 878, 24.4.2015, стр. 26.