Дива (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Дива е француски филм од 1981 година. Сценариото и режијата се на Жан-Жак Бенекс (фр. Jean-Jacques Beineix), а филмот е базиран на новела од Даниел Одие (фр. Daniel Odier). Во главните улоги се појавуваат Фредерик Андре (фр. Frédéric Andréi), Роланд Бертин (фр. Roland Bertin), Шантал Деруа (фр. Chantal Deruaz).

Заплет[уреди | уреди извор]

Поштарот Жул крадешкум снимил концерт од Синтија Хокинс, дива на која тој ѝ се восхитува толку многу, што ѝ го краде фустанот. Без да знае, ќе стане сопственик и на касета што во торбата закачена на неговиот мопед ја фрлила една жена пред да биде убиена. Благодарение на Городиш и Алба кои ќе го примат кај себе, Жул ќе успее да им избега на гонителите – полицијата и скитниците кои се во потрага по касетата. Во сета таа збрка, тој ќе најде време да ја освои Синтија, која му простува за фустанот.