Прејди на содржината

Дива (серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дива
Жанрдрама
Напишана одЕда Тезџан
Фераје Сахин
Режирана одЏем Карџи
Бенал Таири
Бариш Још
УлогиАкин Акинозу
Ебру Шахин
Ајда Аксел
Серхат Тутумлуер
Маџит Сонкан
Гулчин Сантирџиоглу
Фериде Четин
Сердар Озер
Гулчин Хатихан
Земја на потеклоТурција Турција
Првичен јазиктурски
македонски (сихронизација)
Бр. на сезони3
Бр. на епизоди69
Производство
ПродуцентБану Акдениз
Место на снимањеМардин
Прикажување
Првична мрежаATV (Турција)
Сител (Македонија)
Првично прикажување15 март 2019 - 25 април 2021

Дива (тур: Hercai) е турска телевизиска серија, која се снимаше од 2019 до 2021 година. Серијата има 3 сезони, вкупно 69 епизоди. Главните улоги ги играат: Акин Акинозу и Ебру Шахин.

Серијата во Македонија се емитуваше на Сител Телевизија. Натсихронизација вршеле нашите познати глумци: Катерина Шехтанска, Тони Денковски, Ѓокица Лукаревски, Елизабета Клинчаревска Младеновска, Викторија Анѓушева, Крсте Јовановски, Душица Стојановска, Зорица Панчиќ, Гоце Тодоровски, Мартин Минговски, Марко Богдановски и Ива Милчова.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Во далечните вилаети и подзаборавени руини на Анадолија се раѓа вековната легенда за една невозможна љубов. Онаму каде срцето ја слуша само заповедтта на традицијата и одбраната на честа е посилно од разумот, токму таму љубовта ќе стане нивна религија.

Рејхан е внука на Насух Шадоглу, глава на едно од најмоќните семејства во Мардин. Иако таткото на Рејхан, Хазар и вујкото Џихан се познати аги, сепак вистинскиот водач на племето е стариот Насух. Насух постојано ја малтретира Рејхан и повеќе е наклонет кон нејзиниот братучед Јарен бидејќи Рејхан не му е всушност вистинска внука. Судбината на Рејхан се менува на денот кога оди да го јава својот коњ, притоа вкрстувајќи го својот пат со оној на Миран, наследникот на семејството Асланбеј.

Двајцата се вљубуваат еден во друг и Миран е решен да се ожени со убавата девојка. Но, неговите намери не се чесни. Единствено што Миран бара е одмазда кон семејството на Рејхан, кое е виновно за смртта на неговите родители. Кога срцето е полно со неизмерна желба за горчлива одмазда, тогаш нити љубовта ќе може да го осветли неговиот пат, ниту добрината ќе му даде поттик за убава иднина. По големата венчавка на Рејхан и Миран и првата брачна ноќ во големиот конак, тој свирепо ја напушта девојката, одмаздувајќи се за погазената чест на неговото семејство. Таа што конечно ќе ја тргне црнината од глава и ќе ја слави победата е злобната Азизе, бабата на Миран и глава на фамилијата Асланбеј.

За некои ова е реванш што долго ќе се памети, но за другите е само почеток на уште пожестока битка за чест. Битка меѓу две семејства која ќе донесе многу крв и ќе пролее многу солзи, но и битка која ќе ги открие долго чуваните тајни и ќе ја издигне љубовта над сè друго. Љубовта на дивата Рејхан и маркантниот Миран која станува посилна од судбината и дадените аманети. Љубов која во оковите на традицијата и безнадежноста, станува невозможна, бескрајна и вечна.

Глумец Улога Епизоди
Акин АкинозуМиран Асланбеј1—69
Ебру ШахинРејан Шадоглу1—69
Ајда АкселАзизе Асланбеј /Ајше Шадоглу1—69
Ајшегул ГунајФисун Асланбеј47—68
Серхат ТутумлуерХазар Шадоглу1—65
Гулчин СантирџиоглуСултан Асланбеј1—50
Маџит СонканНасух Шадоглу1—69
Оја УнустасиГонул Асланбеј1—65
Ахмет Тансу ТашанларАзат Шадоглу1—65
Гувен ХокнаШукран Дегимерџи24—65
Сердар ОзерЏихан Шадоглу1—69
Гулчин ХатиханХандан Шадоглу1—69
Фериде ЧетинЗехра Шадоглу1—29; 39-69
Илај ЕркокЈарен Шадоглу1—69
Џахит ГокФират Демиралп1—69
Дујгу Јетиш
Еда Башламишли
Елиф Асланбеј4—38
1—3
Гунеш ХајатЕсма Демиралп1—69
Ахмет КајакесенХарун Бакирџиоглу26—54
Ајдан БурханХанифе Дербент1—44
Асли СаматМелике Аштутан1—69
Ебрар Алија ДемирбилекГул Шадоглу1—29; 69
Инџи ШенНигар Катарџи1—29
Атила ПекдемирЈусуф13—35
Зухал ЈалчинАсије35—69
Ајдан ТашШехријар Ташкин5—9; 12—25
Сарп ИкилерЏанер Катарџи8—17
Ејлем ТанриверКериман Четин1—9
Гокхан ЈавузРиза Демир1—16
Емрулах ОмајМахмут3—69
Бурак ТамдоганФилипос23; 29-30
Шехсувар АкташШехмуз34-35
Алпер ТуредиОмер33
непознатоАјла33
Ибрахим КалаџиоглуМустафа33
Ферзан ХекимоглуДенис33
Рана ЏабарГабријел23
Халдун БојсанХашмет13

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]