Прејди на содржината

Дива леска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дива леска
Дива леска на Орјен, Босна и Херцеговина
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Буковидни
Семејство: Брези
Род: Леска
Вид: Дива леска
Научен назив
Corylus colurna
L.

Дива леска (науч. Corylus colurna) — листопадно дрво домородно на Евроазија.

Распространетост и живеалиште

[уреди | уреди извор]

Води потекло од југоисточна Европа и југозападна Азија, од Балканот преку северна Турција па се до северен Иран.[2]

Претставува голем вид леска, која достигнувајќи висина од 25м,[3] а во ретки примери и посебни услови до 33м,[4] со дебело стебло во дијаметар до 1м[3] и во ретки примери до 1.6м.[4]

Круната е тенка и конусна кај младите дрвја, а со возраста станува поширока и неправилна, додека кората е бледо сива - кафеава, со густа, плутена текстура. Кај младите дрвја, главните гранки се доста мали по дијаметар во однос на праволиниското стебло и се издигаат под агол од речиси 90 степени.

Ова го прави дрвото погодно за урбани услови и помага во одржувањето на симетрична круна, што е популарно кај пејзажните архитекти.[5]

Гранче во јануари со машки (жолтеникаво-кафеави) и женски (црвени) ресички

Листовите се листопадни, заоблени, и долги 7-13 см и со пречник 6-14 см со меки влакна на обете површини, и со груб двоен раб кој е назабен до плиток лобус.[3]

Пупките се јајцевидни, бледокафеави и цветови кои се создаваат кон крајот на зимата или раната пролет пред лисјат. Видот еднодомен, со поединечни еднополови ресички, но двата пола на истото дрво (и често на истата гранка).

Машките ресички се впечатливи, бледо жолти и во должина 5-10 см, а женката е многу мала и незабележлива и во голема мера скриена во пупките, со само светло црвените стилови видливи во должина 1-3 мм.

Плодот е јаткаст и може да биде познат како турска леска. Има должина од околу 1 см до 2 см, опкружен со дебела, меко бодликава и влакнеста обвивка (лушпа) со дијаметар од 3см [3] кој ги опфаќа сите освен врвот на оревот и се раѓаат во тесни гроздови од 3-8 заедно, со обвивки споени во основата.

Плодот созрева во септември до октомври и е јадлив со вкус кој е многу сличен на обичната леска, но е помал и има подебела обвивка од орев.[6]

Тие повремено се собираат од дивината, како и од урбаните дрвја, но нивната мала големина (помала од обичните лешници) и многу тврда, 3 мм дебела обвивка од орев ги прави со мала или никаква комерцијална вредност, но е сепак важен во комерцијалните овоштарници со лешници, бидејќи не цица, што го прави идеална подлога на која се калемеат вообичаените сорти лески што носат јаткасти плодови.

Производството на јаткасти плодови е нередовно и се јавува на секои 2 до 3 години

Лешникот има влакнести корени[7] кои не се случајни, што значи дека не формираат мускулници и го прав пожелен за калемење на подлогата над дрвја со едно стебло што овозможува да се одгледува во посиромашни и каменести почви.

Одгледување

[уреди | уреди извор]

Диват леска има средна стапка на раст и е повремено отпорен на суша и алкална почва, но сепак, претпочита влажна, добро дренирана почва, како и целосно сонце, а откако ќе се зацврси може да толерира топлина, студ и суша и воедно нема сериозни штетници или проблеми.[8]

Леската не е лесна за пресадување и треба дополнително наводнување во лето по пресадувањето. Исто така се потребни околу 2 години по пресадувањето за дрвото да се вкорени и да преживее самостојно.

Corylus colurna ја доби наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво.[9]

Размножување

[уреди | уреди извор]

Најчестата форма на размножување е со семе и најдобро е да се сее веднаш штом ќе се собере на есен во ладна рамка. Семето ќе 'рти кон крајот на зимата или напролет, а ако се почнува со складирано семе, семето треба претходно да се натопи во топла вода 48 часа, а потоа да се остави 2 недели топло, па 3 до 4 месеци во ладна стратификација што ќе му овозможи на семето да 'рти за 1 до 6 месеци ако се чува на 20°C.

Откако садниците ќе станат доволно големи за ракување, се собираат во индивидуални саксии и се одгледуваат во ладна рамка или заштитено место на отворено за нивната прва зима и може да се садат на нивните трајни места кон крајот на пролетта или почетокот на летото.

Употреба

[уреди | уреди извор]

Освен неговата употреба како подлога со едно стебло за обичната леска, таа е воедно и широко одгледувана како украсно дрво ширум Европа и Северна Америка и е многу толерантна на тешки услови за одгледување во урбани средини, што во последните децении ја зголемила својата популарност во урбаните шеми за садење.

Дивата леска е дрво кое дава добра сенка бидејќи произведува густа сенка, а нејзината тесна круна и способноста да издржи загадување на воздухот ја прават погодна за употреба како улично дрво во урбани средини или како примерок од дрво во паркови и дава прилично формален став во пејзажот поради тесната, постојано обликувана, тесна круна.[5] Други употреби во пејзажот се за овошје, тешки и суви места и природни области.[6]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзани видови

[уреди | уреди извор]

Сличен вид Corylus jacquemontii, некогаш сметан за сорта на Coryllus colurna, се наоѓа како див во шумите на Западниот Хималајски венец во северната индиска држава Химачал Прадеш, особено во умерените региони на областите Кулу, Шимла, Кинаур и Чамба.

  1. Shaw, Kirsty (2014-08-01). „Turkish Hazel Corylus colurna. IUCN Red List of Threatened Species. Посетено на 2025-12-29.
  2. Corylus colurna L.“. Plants of the World Online. Посетено на 2025-12-29.
  3. 1 2 3 4 Rushforth, Keith (1999). Trees of Britain and Europe. London: Trafalgar Square Publishing. стр. 190, 621–622. ISBN 0-00-220013-9.
  4. 1 2 Todorov, Atanas. „Turkish Hazel west of Uzunalak, Kipilovo, Sliven, Bulgaria“. Monumental Trees. Посетено на 28 December 2025.
  5. 1 2 Gilman and Watson, Edward and Dennis (1993). Corylus colurna Fact Sheet“ (PDF). University of Florida.
  6. 1 2 Corylus colurna. University of Connecticut. Архивирано од изворникот на 2014-03-01. Посетено на 2014-02-25.
  7. „Guidelines for Tree Planting on the Right of Way“ (PDF). City of Windsor.
  8. „Turkish hazelnut“. The Morton Arboretum. 2013.
  9. Corylus colurna. www.rhs.org. Royal Horticultural Society. Посетено на 12 April 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Corylus colurna Архивирано на {{{2}}}. - информации, единици за генетска конзервација и сродни ресурси. Европска програма за шумски генетски ресурси (EUFORGEN)