Деј Офф Бенд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Деј Офф Бенд (DAY OFF Band) е познат кавер бенд со четири члена, кој музицира на територијата на Р. Македонија.

Формиран е на 22 октомври 1994 година во Скопје и за многу кратко време успева да стекне силна доверба и почит во културниот живот на градот.

Од самиот почеток, па сè до ден денешен учествува на голем број културни настани во Р. Македонија органзиирани од страна на државни институции и еминентни правни и приватни лица, а воедно е и главен двигател во ноќниот живот низ Републиката. Движечката сила е културниот напредок и културното издигнување, посебно кај помладата популација, преку музицирањето и интерпетирањето на избрани дела и избрани музички стилови, меѓу кои блуз, рок, гранџ, инди и др. алетрнативни стилови. Особено се големи поддржувачи на домашната алтернативна сцена.

Во текот на двете изминати децении науморна работа, оваа музичка група остави голем белег во градскиот живот.

Создавање[уреди | уреди извор]

Танче Гроздановски (водечка гитара) и Тони Крстевски – Крле (вокал) неколку години претходно започнуваат со заеднички настапи во кафулињата Борзои, Јелоу и други, а подоцна, во 1994 година, заедно ја оформуваат четири члената група Деј Офф чија цел првенствено е да се изгради во професионален кавер бенд. Во почетниот состав покрај Танче и Крле се Зоран Цветковски – Крива на тапани и Предраг Икономовски – Педо на бас. Педо набрзо го напушта Деј Офф, за да стане член на групата Блу Фанки Индивидуалс во улога на гитарист, а на негово место доаѓа најмладиот член на групата, Влатко Јаневски, кој до ден денешен е басист во овој култен бенд. Во 2004 година, бендот го напушта и Крива, кој заминува за САД, а како негова замена доаѓа Димитар Петров на тапани.

Бендот го изгради своето име благодарејќи на професионалната и посветена работа на сите членови на групата. Овој ковер бенд, има претрпено нијансни трансфомации во изборот на својот репертоар како поминувало времето, но сепак останува верен на рокот, блузот, гранџот и алтернативните стилови. Во своето две децениско постоење, неуморно настапуваат, пред сè во Скопје, но и низ целата територија на Македонија.

Покрај редовните настапи во клубови и кафулиња, Деј Офф постојано се дел од домашните и бизнис прослави на нашите еминентни институции, фирми и личности, при тоа посебен акцент ставајќи на хуманитарните активности.

И во светски рамки е вистински успех да се одржи бендот толку години. Деј Офф неуморно музицираат и настапуваат, а успехот го темелат на заедничката доверба, рамноправноста на членовите, умереноста и балансот во меѓусебните односи, нагласувајќи дека тоа е најтешкиот дел од нивното постоење.

2001-2002[уреди | уреди извор]

Во периодот 2001-2002 сите членови на групата заеднички и рамноправно, го земаат под своја раководна палка добро познатиот ноќен клуб во Скопје - Лејди Блу (поранешно Кристијан). Скопје тогаш ги памети неповторливите клубски настапи на голем број групи кои оставиле силен белег во културниот живот на бившите југословенски простори. Така силна соработка имаат со Рамбо Амадеус, Електрични Оргазам, Обојени Програм и др. Од настаните, најголемо влијание во јавноста и медиумите имаше настапот на Влатко Стефановски Трио, кој беше прв дотогаш клубски настап во матичната земја на ова трио[1].

Јубилеи[уреди | уреди извор]

15 години[уреди | уреди извор]

На 22 октомври 2009 година, култниот бенд  Деј Офф одбележа 15 години од своето постоење. По тој повод, а со цел да се избегнат временските октомвриски услови, членовите на Деј Офф решија да  го прослават својот јубилеен 15-ти роденден речиси месец дена порано, на 26.09.2009, сабота, во клубот на „Ноќните Волци” - Волк за време на Скопските Бели ноќи. На прославата присуствуваа огромен број на нивни соработници, бендови и групи, кои оставиле белег на македонската клубска музика, како и голем број пријатели и нивната редовна публика.[2]

20 години[уреди | уреди извор]

На 22 октомври 2014 година, Деј Офф одбележа 20 години постоење во клубот „Волк". На прославата, како значаен јубилеј за самата група, но и за ноќниот и културниот живот во градот, присуствува голем број на нивни соработници, јавни личности, бендови и групи.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]