Дејви Крокет

Дејвид (Дејви) Крокет (англиски: David (Davy) Crockett; 17 август 1786 - 6 март 1836 година), американски народен херој, познат како " Крал на дивата граница“. [1]
Тој бил ловец (трапер), војник и конгресмен од Тенеси, каде што бил роден, учесник во Тексашката револуција. Во февруари 1836 година полковникот Тревис знаел дека е изгубен - со малку војници бил опколен од силна мексиканска војска во Форт Аламо во Тексас. Одеднаш се слушна веселото свирење на гајдите. Тоа бил Дејви Крокет со неговите придружници и пушката Бетси, кои дошле да им се придружат на тексашките борци. Херојот на Дивиот Запад, секогаш бил облечен како трапер: капа од ракуново крзно, кожна блуза и индијански мокасини, бил пречекан со радосни овации. Се зборело дека еднаш убил 47 мечки за еден месец ловејќи ги дури и во нивните дувла. На 6 март 1836 година Мексиканците го започнале последниот напад на тврдината Аламо. Дејви Крокет жестоко се борел и загинал, изрешетан со куршуми, заедно со последните бранители на Аламо.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „CROCKETT, DAVID“. TSHA. Посетено на 29. 1. 2020. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)(англиски)