Дејвид Бенер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дејвид Бенер
Бенер во Јануари 2009
Биографски податоци
Родено имеДејвид Крамп Бенер
Роден(а)април 11 1974 (1974-04-11) (45 г.)
Durham North Carolina , U.S.
ПотеклоJackson, Mississippi, U.S.
Жанровихип хоп
Занимања
  • Рапер
  • Продуцент
  • Актер
Период на активност1994–денес
Издавачи
Соработници
Мреж. местоabannervision.com


Дејвид Крамп Бенер (11 април, 1974) попознат под својот алиас Дејвид Бенер — американски рапер, продуцент, актер, и активист.

Роден во Дурхем, Северна Каролина, неговата фамилија се преселила во Џексон, Мисисипи, каде што тој пораснал. Тој ја започна својата рап кариера во дуото Crooked Lettaz, кој го напуштил во 2000 за да биде соло артист. Како соло артист тој го издал својот албум наречен Them Firewater Boyz, Vol. 1.

Во 2003, Бенер потпишува за Universal Records, издавајќи четири албуми: Mississippi: The Album(2003), MTA2: Baptized in Dirty Water(2003), Certified (2005), и The Greatest Story Ever Told (2008).

Ран живот[уреди | уреди извор]

Лавел Вилијам Крамп, е роден во Брукхевен, Мисисипи, и пораснат во Џексон, Мисисипи, син на Зено и Каролин Крамп. Тој завршил средно во 1992, на истото средно училиште и универзитет како неговата мајка. Неговиот татко Зено починал на 17 Јуни, 2007.

1994-2000 Прв албум и почетоци[уреди | уреди извор]

Тој своето име го преименувал во Дејвид Бенер, кој што бил познат карактер во ТВ серијата "The Incredible Hulk".Во 1999, со неколку негови другари, тој испраќал демо снимки во локалната радио станица во Џексон, Мисисипи. Неговиот прв албум има продадено околу 7,000 копии. Во албумот имало хит сингл, "Like A Pimp", кој што станал голем хит на радио, и привлекол внимание на неколку издавачки куќи.

2003-2006 Следни три албуми[уреди | уреди извор]

Откако привлекол внимание на неколку издавачки куќи, тој одлучил да потпиште за Universal Records. Во 2003, тој го продуцирал хитот на T.I. наречен "Rubberband Man". Неговиот официјален деби албум е пуштен во продажба во 2003, во кој се наоѓал хит синглот "Like A Pimp" на кој што му гостувал Lil' Flip. Истата година, тој издава уште еден албум, во кој се пронашол хит синглот "Crank It Up" на кој му гостувал Static Major. Во 2005, тој го издава својот трет официјален албум, во кој има три хит синглови, вклучувајќи гостувања од Lil Boosie, Magic, и други. Настрана од неговите проекти, тој има помогнато околу текстот за главната песна на играта Saints Row, но и помагање за музиката на уште една игра наречена Marvel vs Capcom 3: Fate of Two Worlds.

2007-денес Следни два албуми[уреди | уреди извор]

Бенер има глумено во неколку филмови. Тој има помогнато околу шоуто That Crook'd Sipp. Неговиот сингл "Play" е користен за првата реклама за ова шоу. Во Јули, 2008 Бенер го издава својот четврти официјален албум, во кој гостувале Аkon, Снуп Дог, и други. Во 2010, тој го издава својот петти албум со помош и гостување на 9th Wonder. Во 2017, тој го издаде својот засега последен албум наречен The God Box.

Персонален живот[уреди | уреди извор]

Активизам[уреди | уреди извор]

Во 2006, Бенер има добиено награда за помош за време на ураганот Катрина во Њу Орлеанс. Бенер исто така е против расизмот, иако тој има израснато во Мисисипи, каде што жителите на градот се познати по своите расистички навреди.

Дискографија[уреди | уреди извор]

2000: Them Firewater Boyz, Vol. 1

2003: Mississippi: The Album

2003: MTA2: Baptized in Dirty Water

2005: Certified

2008: The Greatest Story Ever Told

2010: Death of a Pop Star (со 9th Wonder)

2017: The God Box