Дејан Мелег

Од Википедија — слободната енциклопедија
Освоени медали
фудбал
[Европско првенство до 19 години
Европско првенство до 19 години, 2013 година Србија

Дејан Мелег (Бачки Јарак, 1 октомври 1994) е српски фудбалер. Во тимот настапувал на средината на теренот, а моментално ги брани боите на Борац од Бања Лука.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Дејан Мелег настапувал во помладите категории на екипата на Војводина, а за првиот тим прв пат настапил во сезоната 2011/12 и одиграл седум натпревари, пред да се премине во месец јануари 2013 година во екипата на Ајакс од Амстердам.[1] Не одиграл ниту еден натпревар за првиот тим на четирикратниот европски шампион, но одиграл вкупно 30 натпревари за младинскиот состав на холандскиот клуб. Во првата сезона за младинскиот тим постигнал 12 голови. Од месец јули 2014 до месец март 2015 година, тој бил со статус на позајмен играч во екипата на Камбур, за која постигнал еден гол на вкупно 10 натпревари.

На почетокот на месец јануари 2016 година се вратил во екипата на Војводина.[2] Во својот втор престој во клубот од Нови Сад оставил далеку поголем и подобар впечаток. Набрзо стигнал до капитенската лента, а во наредната сезона во клубот од Нови Сад одиграл 47 првенствени натпревари на кои постигнал 14 голови.

Во месец јуни 2017 година, тој потпишал тригодишен договор со турскиот прволигаш Кајзери.[3] За турскиот клуб во сезоната 2017/18 не одиграл ниту еден натпревар во првенството, а единствените настапи ги имал во купот каде одиграл четири натпревари. По една сезона го раскинал договорот со Кајзери.[4]

Во месец јуни 2018 година потпишал четиригодишен (3 +1) договор со составот на Црвена ѕвезда.[5] Во текот на првиот дел од сезоната 2018/19 одиграл вкупно седум натпревари за екипата на Црвена ѕвезда, без да постигне гол. Тренерот Владан Милојевиќ не ги искористил неговите потенцијали на важни натпревари од европско ниво. Одиграл само еден натпревар во квалификациите за Лигата на шампионите и тоа против составот на Спартак на стадионот Маракана во Белград. Со доаѓањето на Ебисилио, а особено со пристигнувањето на Марко Марин, тој паднал во втор план.[6] На 25 јануари 2019 година, Дејан Мелег заминал како позајмен играч за период од шест месеци во екипата на Левадијакос, од Грција.[7][8] По истекот на тој период, се вратил во екипата на Црвена ѕвезда.[9] На почетокот на месец јули 2019 година, екипата на Црвена ѕвезда повторно го испратила како позајмен играч, но овој пат во екипата на Раднички од Ниш.[10] По сезоната во Раднички од Ниш, Мелег се вратил во составот на Црвена ѕвезда со која набрзо и го раскинал договорот.[11]

Во средината на месец октомври 2020 година потпишал договор со Борац од Бања Лука.[12]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Со репрезентацијата на Србија до 19 години, Мелег станал европски првак во 2013 година на ЕП до 19 години одржано во Литванија.

Во мај 2017 година, селекторот на српската репрезентација до 21 година, Ненад Лалатовиќ, го вклучил Дејан Мелег на конечниот список на играчи за ЕП 2017 година кое се оджало во Полска.[13] Репрезентацијата на Србија го завршила натпреварувањето во групната фаза откако постигнала два порази и еден нерешен резултат од вкупно три натпревари. На тоа првенство Дејан Мелег не влегол во игра на ниту еден натпревар.[14][15][16]

Успеси[уреди | уреди извор]

Клупски успеси[уреди | уреди извор]

Борац Бања Лука

Репрезентативни успеси[уреди | уреди извор]

Србија до 19
  • Победници на Европското првенство до 19 години (1): 2013 година

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Омладинац Војводине потписао за Ајакс“. mozzartsport.com. 17. 1. 2013. Посетено на 24. 1. 2017.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. „Степанов и Мелег се вратили у Војводину“. b92.net. 2. 1. 2016. Посетено на 24. 1. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. „Званично: Мелег потписао“. mozzartsport.com. 28. 6. 2017. Посетено на 24. 1. 2017.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. „Сјајна вест за Звезди - Мелег је слободан играч!“. mozzartsport.com. 15. 5. 2018. Посетено на 24. 1. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  5. „Дејан Мелег представљен на Маракани“. ФК Црвена звезда. 12. 5. 2018. Посетено на 13. 6. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  6. „Шериф Мелег!“. mozzartsport.com. 24. 1. 2019. Посетено на 24. 1. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  7. „Званично: Мелег у Левадијакосу“. mozzartsport.com. 25. 1. 2019. Посетено на 26. 1. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  8. „Из Звезде у Грчку, потврђено!“. mondo.rs. 25. 1. 2019. Посетено на 26. 1. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  9. „Мелег се вратио из Грчке – следи му најбитнији период за будућност у Звезди!“. hotsport.rs. 7. 6. 2019. Посетено на 7. 6. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  10. „Раднички обелоданио два значајна потписа, стигли Meлeг и Јиркa“. zurnal.rs. 4. 7. 2019. Посетено на 4. 7. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  11. „Звезда раскинула уговор с Мелегом уз необичну клаузулу: Може у други клуб само уз услов с Маракане“. telegraf.rs. 28. 7. 2020. Посетено на 4. 8. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  12. „Дејан Мелег у Борцу!“. fkborac.net. 16. 10. 2020. Посетено на 18. 10. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  13. „Лалатовић тим за ЕП: Радоњић на списку, нема Ристића“. Спортски журнал. 22. 6. 2017. Посетено на 24. 6. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  14. „Portugal 2-0 Serbia“ (англиски). FIFA. 17. 6. 2017. Посетено на 23. 6. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  15. „Serbia 2:2 FYR Macedonia“ (англиски). FIFA. 20. 6. 2017. Посетено на 23. 6. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  16. „Serbia 0:1 Spain“ (англиски). FIFA. 23. 6. 2017. Посетено на 23. 6. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)