Дејан Лекиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дејан Лекиќ во Спортинг

Дејан Лекиќ (роден на 7 јуни 1985 година) е српски фудбалер кој моментално игра за шпанскиот клуб Лас Розас ЦФ на позицијата напаѓач.

Кариера[уреди | уреди извор]

Откако на почетокот на својата кариера настапувал за екипите на Металац од Краљево и Земун, Лекиќ летото 2009 година се приклучил на екипата на Црвена ѕвезда од Белград. Пред да се префрли во новиот клуб, тој за составот на Земун во сезоната 2008-09 постигнал вкупно 26 голови. Својот прв натпревар за клубот го имал на 16 јули 2009 година, кога започнал како стартер, во победата со 1:0 на гостински терен против составот на НК Рудар од Велење. Тоа бил натпревар од новата сезона во УЕФА Европа Лигата.

На 6 август 2009 година, во натпреварот од третото квалификациско коло против составот на Динамо од Тбилиси, Лекиќ постигнал автогол со кој составот на Динамо имал два гола предност. Тој подоцна постигнал хет-трик за екипата на Црвена ѕвезда со што клубот обезбедил место во плеј-офот од тоа натпреварување.[1]

На 25 јуни 2010 година Дејан Лекиќ потпишал петгодишен договор со тимот од Ла Лига, CA Осасуна, за сума од 2,6 милиони евра.[2] Својот прв натпревар го имал на 29 август, влегувајќи како замена во второто полувреме на нерешениот натпревар од 0:0 на домашен терен против екипата на УД Алмерија.[3] Лекиќ својот прв гол го постигнал на 23 јануари наредната година, во поразот со 2:3 на гостински терен против истиот противник.

На 13 јануари 2012 година, Дејан Лекиќ постигнал гол во првото полувреме во поразот на домашен терен со резултат од 1:2 против екипата на ФК Барселона. Тој натпревар бил за натпреварувањето за Купот на кралот.[4] Некаде еден месец подоцна, исто така против Каталонците, постигнал гол за изненадувачкиот домашен успех од 3:2.[5]

Лекиќ во акција за екипата на Спортинг од Хихон.

Во месец јули 2012 година, по две години играње во Шпанија, Лекиќ ја променил средината и од тимот од стадионот Навареза,[6] заминал и потпишал за турскиот прволигаш Генчлербирлиги.[7] Во месец август 2013 година, тој се согласил за период од една година да биде со статус на позајмен играч во екипата на Спортинг од Хихон, тим од шпанската Сегунда дивизион.[8] Тој на крајот се вратил во неговиот матичен клуб, згаснувајќи го договорот во месец август 2014 година.[9]

На 1 септември 2014 година, Лекиќ потпишал едногодишен договор со екипата на СД Еибар, ново промовиран тим на највисоко ниво во Сегунда Дивизион. Откако одиграл само еден натпревар како стартер во текот на целата сезона и по испаѓањето на тимот од првата лига, тој го напуштил клубот.

На 11 ноември 2015 година, Дејан Лекиќ потпишал договор со индискиот клуб Атлетико де Калкута за период од почетокот на втората полусезона на ИСЛ (индиска супер лига).[10]

На 30 декември 2015 година, тој се вратил во Шпанија, потпишувајќи за екипата на фК Жирона која се натпреварувала во втората шпанска лига. [11] На 11 август наредната година, тој бил префрлен во екипата на РЦД Мајорка исто така член на втората лига - Сегунда дивизион.[12]

На 1 септември 2017 година, слободниот агент Лекиќ потпишал договор за екипата на ЦФ Реус Депортиу.[13] Приближно една година подоцна, тој се преселил во второлигашот ЦФ Кадиз со потпишан едногодишен договор. [14] На 31 август 2019 година, тој го напуштил клубот.

На 29 јануари 2020 година, Лекиќ се преселил во составот на ЦД Атлетико Балеарес.[15] По само два одиграни натпревари, тој го напуштил клубот на 1 август 2020 година.

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Лекиќ бил дел од српската репрезентација од 2009 година.[16]

Статистика во кариерата[уреди | уреди извор]

Обновено на 18 јуни 2016[17]
Клупски перформанси Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Вкупно
Сезона Клуб Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Србија Лига Српски куп Европски натпревари Вкупно
2009–10 Црвена ѕвезда Суперлига 27 12 3 2 6 3 36 17
Шпанија Лигашки натпревари Куп на Шпанија Европски Вкупно
2010–11 Осасуна Ла Лига 27 2 2 1 0 0 29 3
2011–12 18 4 4 2 0 0 22 6
Турција Лигашки натпревари Турски куп Европски Вкупно
2012–13 Генчлербирлиги Супер Лиг 21 3 2 1 0 0 23 4
Шпанија Лигашки натпревари Куп на Шпанија Европски Вкупно
2013–14 Спортинг од Хихон Сегунда дивизион 36 12 1 1 0 0 37 13
2014–15 Ејбар Ла Лига 18 0 0 0 0 0 18 0
Индија Лигашки натпревари Куп Континентални Вкупно
2015 Атлетико од Калкута Индиска Супер Лига 6 2 0 0 0 0 6 2
Шпанија Лигашки натпревари Куп на Шпанија Европски Вкупно
2015–16 Жирона Сегунда дивизион 17 5 0 0 0 0 17 5
Лигашки натпревари Куп Континентални Вкупно
Вкупно Индија 6 2 0 0 0 0 6 2
Србија 27 12 3 2 6 3 36 17
Шпанија 99 23 7 4 0 0 108 27
Турција 21 3 2 1 0 0 23 4
Вкупно во кариерата 153 40 12 7 6 3 171 50

Признанија[уреди | уреди извор]

Црвена ѕвезда
  • Освоен е Купот на Србија: 2009–10

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Crvena Zvezda dig deep to advance“. UEFA. 7 August 2009. Посетено на 16 November 2014.
  2. „Lekic firma por Osasuna para las próximas cinco temporadas“ [Lekic signs with Osasuna for the following five seasons] (Spanish). Diario de Navarra. 25 June 2010. Архивирано од изворникот на 26 August 2013. Посетено на 16 November 2014.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. „Poca cosa para empezar“ [Little to start with] (Spanish). Marca. 29 August 2010. Посетено на 16 November 2014.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. „Messi enciende las antiniebla“ [Messi turns fog lamps on] (Spanish). Marca. 11 January 2012. Посетено на 16 November 2014.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. „¿Game over?“ [Game over?] (Spanish). Marca. 11 February 2012. Посетено на 16 November 2014.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. „El Genclerbirligi presentó a Lekic“ [Genclerbirligi presented Lekic] (Spanish). Noticias de Navarra. 5 July 2012. Архивирано од изворникот на 16 November 2014. Посетено на 16 November 2014.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  7. „Gençlerbirliği'nin golcüsü La Liga'dan“ (Turkish). NTVSpor.net. Посетено на 4 July 2012.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  8. „Lekic ya se entrena con sus nuevos compañeros: lucirá el dorsal 16“ [Lekic already trains with his teammates: will wear the number 16] (Spanish). Sporting Gijón's official website. 28 August 2013. Архивирано од изворникот на 29 November 2014. Посетено на 16 November 2014.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  9. „Lekic obtiene liberdad“ [Lekic gets freedom] (Spanish). La Nueva España. 28 August 2014. Посетено на 16 November 2014.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  10. „ISL: Helder Postiga, Dejan Lekic Boost Atletico de Kolkata“. NDTV. IANS. Архивирано од изворникот на 19 November 2015. Посетено на 11 November 2015.
  11. „El Girona fitxa el davanter serbi Dejan Lekic“ [Girona signs Serbian forward Dejan Lekic] (каталонски). Girona's official website. 30 December 2015. Посетено на 1 January 2016.
  12. „Dejan Lekic apuntala la delantera del Mallorca“ [Dejan Lekic bolsters Mallorca's attack] (шпански). Marca. 11 August 2016. Посетено на 11 August 2016.
  13. „Dejan Lekic, nou jugador del CF Reus“ [Dejan Lekic, new player of CF Reus] (каталонски). CF Reus Deportiu. 1 September 2017. Посетено на 2 September 2017.
  14. „Tras no poder ser inscrito por el Reus, Lekic jugará en el Cádiz“ [After failing to be registered for Reus, Lekic will play at Cádiz] (шпански). Diario AS. 31 August 2018. Посетено на 31 August 2018.
  15. Lekic, un refuerzo de lujo para el ATB, ultimahora.es, 29 January 2020
  16. Career story at Reprezentacija.rs[мртва врска]
  17. Дејан Лекиќ на soccerway