Дејан Атанацковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дејан Атанацковиќ
Роден 1969
Белград, СФРЈ
Занимање ликовен уметник, писател, предавач

Дејан Атанацковиќ (српски: Дејан Атанацковић; Белград, 1969) - српски писател, визуелен уметник и универзитетски професор.

Животопис[уреди | уреди извор]

Атанацковиќ е роден во Белград, во 1969 година. Предавал неколку предмети од областа на визуелните уметности и културата на универзитетите во Фиренца и во Сиена. Исто така, соработувал со Музејот на природните науки во Фиренца на предметот „Body Archives“, посветен на историјата на претставувањето на човечкото тело. Покрај тоа, водел работилници засновани на дијалог меѓу студентите и психијатриските пациенти. Со поддршка на Музејот на современата уметност, во Белград ја започнал иницијативата за нови наративни текови, „Поинаков поглед“.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Како визуелен уметник, почнувајќи од 1990-тите, Атанацковиќ реализирал неколку самостојни изложби и кустоски поставки, а некои негови дела се вклучени во музејските и приватните колекции. Во 2017 година го објавил својот прв романЛузитанија“ со кој ја освоил НИН-овата награда за роман на годината.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Dejan Atanacković, Luzitanija. Beograd: Besna kobila, 2017.