Деца на човештвото (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Деца на човештвото (англиски: Children of Men) - британско-американски филм од 2006 година во режија на Алфонсо Куарон, кој е автор и на сценариото, заедно со Тимоти Џ. Секстон, Давид Арата, Марк Фергус и Хок Остби. Сценариото е засновано врз истоимената книга на Филис Дороти Џејмс од 1999 година. Главните улоги ги играат: Џулиен Мур, Клајв Овен, Хуан Габриел Јакузи и Мајкл Кејн. „Децата на човештвото“ е еден од најистакнатите филмови во 21 век. Тој претставува уметнички израз на т.н. антропоцен, периодот во кој луѓето имаат големо влијание врз Земјата. Во 2016 година, во анкетата на BBC Culture, спроведена меѓу 177 филмски критичари ширум светот, филмот бил прогласен на 13. место на списокот на 100 најдобри филмови на 21 век.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во 2027 година, во Лондон, умира најмладиот човек на светот на возраст од 18 години и {[човештво]]то се соочува со опасноста од изумирање. Повеќе од две децении, луѓето во светот не можат да имаат деца, така што светот е на работ на пропаста, а човечноста и моралот се распаѓаат. Британија е единствената земја во која имигрантите се обидуваат да се засолнат, но набргу, таа се претвора во полициска земја. Меѓу бегалците е и една млада жена која на чудесен начин останува бремена и еден поранешен активист се обидува да ја обнови последната надеж за иднината на човештвото.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кинотека на Република Северна Македонија, Програма мај 2019.
  2. Кинотека на Република Северна Македонија, Програма мај 2019.